ПОГЛАВЈЕ 13
Што е пионер?
Изразот „пионер“ обично се однесува на некој што истражува нови територии и отвора пат за другите. На некој начин и Исус бил пионер затоа што бил испратен на Земјата да врши служба што спасува животи и да отвори пат, односно да овозможи спасение за луѓето (Матеј 20:28). Денес, неговите следбеници го следат неговиот пример така што поминуваат колку што можат повеќе време за ‚да прават ученици‘ (Матеј 28:19, 20). Некои се во можност да учествуваат во службата во поголема мера, односно да служат како пионери.
Пионерот посветува многу време на проповедањето. Сите Јеховини сведоци ја објавуваат добрата вест. Меѓутоа, некои си го имаат испланирано времето така за да можат да служат како општи пионери, односно секој месец да поминуваат 70 часови проповедајќи. За да успеат во тоа, мнозина одлучуваат да работат со скратено работно време. Други, пак, се избрани да служат како специјални пионери во места каде што има потреба од повеќе објавители на Царството. Тие поминуваат 130 или повеќе часови во служба секој месец. Пионерите се спремни да живеат скромно, уверени дека Јехова ќе се грижи за она што им е неопходно (Матеј 6:31-33; 1. Тимотеј 6:6-8). Оние што не можат да бидат општи и специјални пионери може да служат како помошни пионери кога околностите им го дозволуваат тоа и во тие месеци да ја зголемат својата служба на 30 или 50 часови.
Пионерот е мотивиран од љубов кон Бог и кон луѓето. Исто како Исус, и ние гледаме во колку очајна духовна состојба се многу луѓе денес (Марко 6:34). Но, ние знаеме работи што можат да им помогнат уште сега и што ќе им дадат сигурна надеж за иднината. Љубовта кон луѓето го мотивира еден пионер великодушно да ги дава своето време и сила за да им помага во духовен поглед (Матеј 22:39; 1. Солуњаните 2:8). Како резултат на тоа, неговата вера се зајакнува, станува поблизок со Бог и е посреќен (Дела 20:35).
-
Како би објаснил што е пионер?
-
Што ги мотивира некои да бидат пионери?