ШЕСТО ПОГЛАВЈЕ
„Се научи на послушност“
1, 2. Зошто еден добар татко е задоволен кога гледа дека синот е послушен, и како неговите чувства ни помагаат да разбереме како се чувствува Јехова?
ТАТКОТО погледнува низ прозорецот кон своето синче кое си игра надвор со другарчињата. Одеднаш, топката им се стркалува од дворот и за миг завршува на улица. Малото жално гледа по неа. Едно од другарчињата му вели да отрча на улица и да ја земе, но тоа одмавнува со главата и вели: „Не смеам“. Таткото задоволно се насмевнува.
2 Зошто е толку задоволен? Затоа што му кажал на малиот да не излегува сам на улица. Кога синчето послушно останува во дворот — иако не знае дека татко му го гледа — таткото знае дека тоа се учи на послушност и дека не може да му се случи ништо лошо. Таткото се чувствува исто како што се чувствува нашиот небесен Татко, Јехова. Бог знае дека, ако сакаме да останеме верни и да ја доживееме прекрасната иднина што ни ја подготвува, мора да научиме да имаме доверба во него и да го слушаме (Изреки 3:5, 6). За да ни помогне во тоа, Бог ни го испратил најдобриот учител.
3, 4. На кој начин Исус ‚се научил на послушност‘, и како бил „направен совршен“? Наведи пример.
3 Библијата ни кажува нешто извонредно за Исус: „Иако беше Син Божји, се научи на послушност од она што го претрпе. Кога беше направен совршен, стана носител на вечното спасение на сите оние што му се послушни“ (Евреите 5:8, 9). Овој Син живеел неброени векови на небото. Иако бил сведок на непослушноста на Сатана и на другите бунтовни ангели, првородениот Син не им се придружил. Во едно вдахновено пророштво, кое се однесува на Исус, тој за себе вели: „Јас не се бунев“ (Исаија 50:5). Тогаш, како можел овој совршено послушен Син да „се научи на послушност“? И како е можно едно такво веќе совршено суштество подоцна да се усоврши, односно да биде ‚направено совршено‘?
4 Размисли за следниов пример. Еден војник има железен меч. Иако никогаш не бил користен во битка, мечот е изработен многу добро и има совршен облик. Сепак, војникот решава да го размени за друг меч, кој е направен од појак метал, од кален челик. Вториов меч веќе бил користен во битка и се видело дека навистина е добар. Зарем ова не е мудра размена? На сличен начин, пред да дојде на Земјата, Исус покажал беспрекорна послушност. Но, откако живеел овде, неговата послушност била доведена до совршенство. Била проверена, така да се каже, прекалена, и ги издржала испитите што Исус никогаш не би ги имал на небото.
5. Зошто било многу важно Исус да биде послушен, и што ќе видиме во ова поглавје?
5 За да ја изврши задачата за која дошол на Земјата, Исус морал да биде послушен. Тој, како „последниот Адам“, дошол да го направи она што не му успеало на нашиот прв родител — да му остане послушен на Јехова Бог по секоја цена (1. Коринќаните 15:45). Исус не му бил послушен на Бог само површно. Тој му бил послушен со сиот свој ум, срце и душа, и тоа го правел со радост. За него вршењето на волјата на неговиот Татко било поважно и од храна! (Јован 4:34). Што ќе ни помогне да бидеме послушни како Исус? Да видиме прво зошто бил послушен. Ако и ние се трудиме да бидеме послушни од истите причини, ќе можеме да им се спротивставиме на искушенијата и ќе успееме да ја вршиме Божјата волја. Потоа ќе разгледаме кои благослови ќе ги добиеме ако сме послушни како Христос.
Зошто Исус бил послушен
6, 7. Зошто Исус бил послушен?
6 Исус бил послушен затоа што имал убави особини во срцето. Како што видовме во третото поглавје, тој имал понизно срце. Горделивоста ги тера луѓето да гледаат со презир на послушноста, но понизноста ни помага спремно да го слушаме Јехова (2. Мојсеева 5:1, 2; 1. Петрово 5:5, 6). Друго нешто што го поттикнало Исус да биде послушен било она што го сакал и она што го мразел.
7 Пред сѐ, Исус го сакал својот небесен Татко, Јехова. За оваа љубов ќе зборуваме повеќе во 13. поглавје. Таа му помогнала на Исус да стане богобојазлива личност. Бидејќи толку многу го сакал Јехова и чувствувал толкава страхопочит кон него, тој се плашел да не го разочара својот Татко. Стравот од Јехова бил една од причините што неговите молитви биле услишени (Евреите 5:7). Стравот од Јехова е, исто така, значајно обележје на Исусовото владеење како месијански Цар (Исаија 11:3).
8, 9. Во склад со она што било проречено, што чувствувал Исус кон праведноста и кон злото, и како ги покажал овие чувства?
8 Да се сака Јехова значи и да се мрази она што тој го мрази. Размисли, на пример, за следново пророштво кое Псалм 45:7). Исусовите „другари“ се другите цареви од семејната лоза на цар Давид. Исус има причина да се радува на своето помазание повеќе од сите нив. Зошто? Затоа што неговата награда е многу поголема од нивната, а неговото Царство ќе им донесе бескрајно поголеми благослови на луѓето. Тој е награден бидејќи неговата љубов кон праведноста и омразата кон злото му помогнале да му биде послушен на Бог во сѐ.
се однесува на месијанскиот Цар: „Ја сакаш праведноста и го мразиш злото. Затоа Бог, твојот Бог, те помаза со масло на радоста повеќе отколку твоите другари“ (9 Како покажал Исус што чувствува кон праведноста и кон злото? На пример, како реагирал кога учениците ги послушале неговите упатства да проповедаат и биле благословени поради тоа? Бил многу радосен! (Лука 10:1, 17, 21). А како се чувствувал кога жителите на Ерусалим одново и одново одбивале да го слушаат, иако со љубов се трудел да им помогне? Тој плачел поради бунтовноста на луѓето во овој град (Лука 19:41, 42). Значи, Исус длабоко ги доживувал работите — сеедно дали луѓето се однесувале добро или лошо.
10. Какви чувства треба да имаме кон добрите дела, а какви кон погрешните постапки, и што може да ни помогне во тоа?
10 Ако размислуваме за чувствата на Исус, ќе можеме и самите да се преиспитаме зошто сме му послушни на Јехова. Иако сме несовршени, ние можеме од сѐ срце да ги сакаме добрите дела и од дното на душата да го мразиме погрешното постапување. Треба да му се молиме на Јехова и да бараме од него да ни помогне да го чувствуваме истото што го чувствуваат Тој и неговиот Син (Псалм 51:10). Но, исто така, треба да внимаваме врз нас да не влијаат работи кои можат да ги ослабнат таквите чувства. Многу е важно внимателно да ги избираме друштвото и забавата (Изреки 13:20; Филипјаните 4:8). Ако и ние, слично како Христос, учиме да го сакаме доброто и да го мразиме злото, тогаш нема да бидеме послушни само колку да нѐ видат другите. Ќе го правиме она што е исправно затоа што сакаме да го правиме, и ќе ги избегнуваме погрешните постапки, не затоа што се плашиме дека некој ќе нѐ фати, туку затоа што навистина ги мразиме.
„Тој не направи грев“
11, 12. а) Што му се случило на Исус во почетокот на неговата служба? б) Како Сатана најпрво го искушал Исус, и која лукава тактика ја користел?
11 Уште во почетокот на својата служба, Исус бил испитан дали го мрази гревот. По своето крштавање, тој поминал 40 дена и ноќи во пустината без храна. На крајот на тој период, Сатана дошол да го искуша. Обрни внимание колку лукаво постапил Ѓаволот (Матеј 4:1-11).
12 Најпрво му рекол на Исус: „Ако си Божји син, кажи им на овие камења да станат лебови!“ (Матеј 4:3). Како се чувствувал Исус по долгиот пост? Библијата јасно вели: „Огладне“ (Матеј 4:2). Значи, Сатана се обидел да ја искористи неговата нормална желба за храна и, без сомнение, намерно чекал Исус да се истошти физички. Освен тоа, забележи го зајадливиот начин на кој Сатана му се обратил: „Ако си Божји син“. Тој добро знаел дека Исус е „првороден од сѐ што е создадено“ (Колошаните 1:15). И покрај сето ова, Исус не дозволил Сатана да го наведе да му биде непослушен на Јехова. Иако Бог му дал моќ, Исус знаел дека не смее да ја користи за себични цели. Затоа одбил да го стори тоа, и така покажал дека понизно се потпира на Јехова и за храна и за водство (Матеј 4:4).
13-15. а) Како Сатана го искушал Исус по вторпат и по третпат, и како реагирал Исус? б) Од каде знаеме дека Исус морал постојано да се пази од Сатана?
13 Кога го искушал Исус по вторпат, Сатана го качил на врвот од храмскиот бедем. Лукаво извртувајќи ја Божјата реч, Ѓаволот се обидел да го наведе Исус да се стави себеси во центарот на вниманието. Му рекол да се фрли од високиот ѕид за ангелите да мораат да го спасуваат. Кога мноштвата во храмот би виделе такво чудо, зарем подоцна некој би се осмелил да каже дека Исус не е ветениот Месија? И кога би го прифатиле како Месија само врз таа основа, зарем не би се поштедил од многу неволји и проблеми? Можеби. Но, Исус знаел дека Јеховина волја Исаија 42:1, 2). Исус повторно одбил да му биде непослушен на Јехова. Тој немал никаква желба да биде славен.
е Месијата понизно да ја изврши својата служба, а не да ги натера луѓето да веруваат во него така што ќе прави чуда само за да покаже дека е некој и нешто (14 Но, дали можеби имал желба за власт? Обидувајќи се да го искуша и по третпат, Сатана му ветил дека ќе му ги даде сите царства на светот само ако му се поклони. Дали успеал да го заинтересира Исус за таа понуда? Не, Исус му одговорил: „Бегај, Сатано!“ Потоа додал: „Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!‘“ (Матеј 4:10). Ништо не можело да го наведе Исус да му служи на друг бог. Ниту една понуда за моќ или власт во овој свет не можела да го натера на каков и да е чин на непослушност.
15 Дали Сатана се откажал? Кога Исус му заповедал да бега, тој навистина си заминал. Но, во евангелието по Лука пишува дека Ѓаволот ‚го оставил, чекајќи друг поволен момент‘ (Лука 4:13). Всушност, Сатана го испитувал и го искушувал Исус и во други прилики, сѐ до крајот. Библијата ни кажува дека Исус бил ‚испитан во сѐ‘ (Евреите 4:15). Значи, тој постојано морал да се пази од Сатана, а мораме да се пазиме и ние.
16. Како Сатана ги искушува Божјите слуги денес, и како можеме да му се спротивставиме?
16 Сатана до ден-денес ги искушува Божјите слуги. За жал, поради несовршеноста, ние честопати сме лесен плен. Сатана знае лукаво да ги искористи себичноста, гордоста и жедта за власт. А преку материјализмот, Сатана може да ги користи сите овие работи истовремено! Затоа, многу е важно одвреме-навреме да застанеме и искрено да се преиспитаме. Би било добро да размислиме за зборовите од 1. Јованово 2:15-17. Притоа, би можеле да се прашаме дали можеби телесните желби што му се својствени на овој свет, копнежот по материјални работи и желбата да оставиме добар впечаток кај другите не ни ја ослабнале љубовта кон нашиот небесен Татко. Не треба да заборавиме дека времето на овој свет, како и на неговиот владетел, Сатана, истекува. Затоа, да му се спротивставиме секогаш кога лукаво се обидува да нѐ фати во замката на гревот! Да го следиме примерот на нашиот Господар, кој „не направи грев“ (1. Петрово 2:22).
„Јас секогаш го правам она што нему му е по волја“
17. Како гледал Исус на послушноста кон својот Татко, но што можеби велат некои?
17 Но, да бидеме послушни, не значи само да не правиме грев, туку и секогаш да го правиме она што нашиот небесен Татко го бара од нас. Христос ни е пример и во ова. Тој изјавил: „Јас секогаш го правам она што нему му е по волја“ (Јован 8:29). Ваквата послушност му била извор на голема радост. Се разбира, некои можеби ќе речат дека на Исус му било лесно да биде послушен. Можеби си мислат дека тој морал да му се подложува само на Јехова, кој е совршен, додека ние честопати мора да им бидеме подложни на несовршени луѓе. Но, факт е дека и Исус им бил послушен на несовршени луѓе.
18. Каков пример за послушност дал Исус кога бил мал?
18 Додека растел како човек на Земјата, Исус морал да им се подложува на своите несовршени родители, Јосиф и Марија. Веројатно многу повеќе од другите деца, тој можел да ги забележи недостатоците на своите родители. Дали приговарал поради тоа? Дали ги пречекорил границите што Бог им ги поставува на децата и им држел лекции како треба да се грижат за семејството? Забележи што стои во Лука 2:51 во врска со 12-годишниот Исус: „Им беше послушен“. Со ваквата послушност, тој дал извонреден пример за младите христијани кои се трудат да ги слушаат своите родители и да им укажуваат должна почит (Ефешаните 6:1, 2).
19, 20. а) Со какви тешки ситуации се соочил Исус кога морал да им биде послушен на несовршени луѓе? б) Зошто вистинските христијани денес треба да им бидат послушни на оние што предводат во собранието?
19 На Исус не му било лесно да им биде послушен на несовршени луѓе и од една друга причина. Тој живеел во Матеј 23:33-38). Во меѓувреме, многу верски водачи поучувале лаги кои влечеле корени од грчката филозофија. Корупцијата во храмот била толку раширена што Исус рекол дека го претвориле во „разбојничка пештера“ (Марко 11:17). Сепак, дали поради тоа престанал да оди во храмот и во синагогите? Не! Јехова сѐ уште ги користел. Сѐ додека Бог не се вмешал за да ги смени работите, Исус послушно одел на празниците што се славеле во храмот, а одел и во синагогите (Лука 4:16; Јован 5:1).
едно посебно време и во околности кои биле многу потешки од нашите. Иако Јехова со векови го користел еврејскиот верски поредок, во кој спаѓале храмот и свештенството во Ерусалим, наскоро требало да го отфрли и да го замени со христијанското собрание (20 Ако Исус бил послушен во такви околности, тогаш колку повеќе треба ние, како вистински христијани, да бидеме послушни денес! Всушност, ние живееме во многу поинакви времиња, во одамна претскажаниот период на обнова на вистинската религија. Бог нѐ уверува дека никогаш нема да му дозволи на Сатана да го расипе Неговиот обновен народ (Исаија 2:1, 2; 54:17). Сепак, христијанското собрание се состои од несовршени луѓе кои понекогаш грешат. Дали треба да ги користиме грешките на другите како изговор да му бидеме непослушни на Јехова? Дали поради тоа ќе престанеме да одиме на христијанските состаноци или, пак, ќе ги критикуваме старешините? Во никој случај! Наместо тоа, од сѐ срце ги поддржуваме оние што предводат во собранието. Послушно одиме на христијанските состаноци и на собирите, и ги применуваме библиските совети што ги добиваме таму (Евреите 10:24, 25; 13:17).
21. Како реагирал Исус кога другите го ставиле под притисок да му биде непослушен на Бог, и каков пример оставил за нас?
21 Исус никогаш не им дозволил на другите, па дури ни на своите добронамерни пријатели, да го наведат да му биде непослушен на Јехова. На пример, апостол Петар се обидел да го убеди својот Господар дека нема потреба да страда и да умре, и го советувал да биде милостив кон себеси. Исус одлучно го отфрлил овој добронамерен, но лош совет (Матеј 16:21-23). И ние денес, како следбениците на Исус, може да се најдеме во слична ситуација. Некои добронамерни роднини можеби се обидуваат да нѐ наведат да не ги слушаме Божјите закони и начела. Исто како Исусовите следбеници во првиот век, ние сметаме дека „мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“ (Дела 5:29).
Благословени ако сме послушни како Христос
22. На кое прашање дал одговор Исус, и како?
22 Кога Исус се нашол очи в очи со смртта, неговата послушност била ставена на најтежок испит. Во тој мрачен час, ‚се научил на послушност‘ во потполна смисла на зборот. Тој ја извршил волјата на својот Татко, а не својата (Лука 22:42). Исус му останал верен во секој можен поглед (1. Тимотеј 3:16). Така го дал конечниот одговор на долговековното прашање: Може ли совршен човек да му остане послушен на Јехова дури и кога ќе биде ставен на испит? Адам не останал, а не останала ни Ева. Потоа дошол Исус, живеел, умрел и ги расчистил работите еднаш засекогаш. Највозвишеното од сите Јеховини суштества дало непобитен одговор. Исус останал послушен, иако морал скапо да плати за тоа.
23-25. а) Како е поврзана послушноста со верноста и непорочноста? Наведи пример. б) Што ќе разгледаме во следното поглавје?
Римјаните 5:19). Јехова богато го благословил. Ако сме му послушни на нашиот Господар Христос, Јехова ќе нѐ благослови и нас. Поради таквата послушност, ќе добиеме ‚вечно спасение‘! (Евреите 5:9).
23 Верноста, односно оддаденоста на Јехова со сето срце, се покажува со послушност. Бидејќи бил послушен, Исус останал верен, и тоа било за доброто на целото човештво (24 Верноста како особина е поврзана со непорочноста, а непорочноста е благослов сама по себе. Изреки 10:9 вели: „Кој живее непорочно, живее без страв“. Ако ја споредиме непорочноста со голема палата направена од убави цигли, тогаш секоја наша постапка со која сме покажале послушност може да се спореди со една поединечна цигла. Можеби една цигла не е ништо посебно, но сепак, секоја си има свое место, своја вредност. А кога многу цигли се редат една врз друга, се гради нешто уште поскапоцено. Кога послушните постапки се додаваат една на друга и се множат од ден на ден и од година во година, нашата непорочност станува како една прекрасна палата.
25 Кога некој покажува послушност подолго време, помислуваме на уште една особина — истрајност. Тој аспект од примерот на Исус ќе го разгледаме во следното поглавје.