ВТОРО ПОГЛАВЈЕ
„Патот и вистината и животот“
1, 2. Зошто самите никогаш не би го нашле патот до Јехова, и што направил Исус Христос за нас во овој поглед?
ДАЛИ некогаш си се загубил? Можеби се сеќаваш на некоја ситуација кога си тргнал на гости кај пријатели или роднини и не си можел да го најдеш патот. Дали застана да прашаш некого како да стигнеш до нивната куќа? Замисли како би се чувствувал ако човекот што си го запрел бил толку добар што, наместо само да ти објасни по кој пат да одиш, ти рекол: „Појди по мене, јас ќе те одведам до таму“. Сигурно би бил многу благодарен.
2 На некој начин, Исус Христос прави нешто слично за нас. Ние самите никогаш не би можеле да го најдеме патот до Бог. Поради наследениот грев и несовршеност, сите луѓе се загубени, „отуѓени од животот што го дава Бог“ (Ефешаните 4:17, 18). Ни треба помош за да си го најдеме патот. Исус, слично на добриот човек од споредбата, не ни нуди само совети и упатства, туку прави многу повеќе. Како што видовме во првото поглавје, тој нѐ поканува да го следиме, велејќи: „Појди по мене!“ (Јован 1:43). Но, ни дава и уверливи причини зошто да ја прифатиме таа покана. Во една прилика тој рекол: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Најнапред, да видиме зошто можеме да стигнеме до Бог само преку неговиот Син. А потоа, имајќи го ова на ум, ќе разгледаме зошто Исус со право рекол дека е „патот и вистината и животот“.
Клучна улога во Јеховината намера
3. Зошто можеме да му пристапиме на Бог преку Исус?
3 Прво и основно, можеме да му пристапиме на Бог преку Исус затоа што самиот Јехова одлучил да му ја довери на Синот најважната, клучна улога во исполнувањето на Своите намери * (2. Коринќаните 1:20; Колошаните 1:18-20). За да разбереме колку важна личност е овој Син, треба да видиме што се случило во градината Еден кога првата човечка двојка му се придружила на Сатана во побуната против Јехова (1. Мојсеева 2:16, 17; 3:1-6).
4. Кое прашање било покренато со побуната во Еден, и што одлучил да направи Јехова за да се одговори на ова прашање?
4 Побуната во Еден покренала едно прашање што ги засега сите Божји суштества: Дали Јехова Бог исправно владее над своите созданија? За да се одговори на ова важно прашање, Јехова одлучил да испрати еден совршен духовен син на Земјата. Овој син требало да ја изврши најтешката и најважна можна задача — да го даде својот живот за да докаже дека Јехова има право да владее и да послужи како откупнина за спасение на човештвото. Со тоа што ќе останел верен до смрт, овој избран син требало да овозможи да се решат сите проблеми што настанале со побуната на Сатана (Евреите 2:14, 15; 1. Јованово 3:8). Но, Јехова има стотици милиони совршени духовни синови (Даниел 7:9, 10). Кого од нив го избрал за да ја изврши оваа многу важна задача? Го избрал својот „единороден Син“, кој подоцна станал познат како Исус Христос (Јован 3:16).
5, 6. Како Јехова покажал дека има доверба во својот Син, и на што се темелела таа доверба?
5 Дали треба да нѐ изненади тоа што Јехова го избрал токму Исус? Во никој случај! Таткото имал апсолутна Исаија 53:3-7, 10-12; Дела 8:32-35). Да размислиме за момент што значи ова. Синот, како и сите останати суштества обдарени со разум, имал слободна волја, и можел самиот да избира како ќе постапи. Сепак, Јехова имал толкава доверба во него што претскажал дека ќе остане верен. На што се темелела оваа доверба? Едноставно кажано, тој го познава Исус. Јехова многу добро го знае својот Син и знае колку Синот сака да му угоди (Јован 8:29; 14:31). Синот го сака Таткото, а и Таткото го сака Синот (Јован 3:35). Поради љубовта што Таткото и Синот ја чувствуваат еден кон друг, меѓу нив постои една нераскинлива врска на единство и доверба (Колошаните 3:14).
доверба во својот единороден Син. Со векови пред да го испрати на Земјата, Јехова прорекол дека неговиот Син ќе остане верен и покрај тоа што ќе претрпи најразлични страдања (6 Кога ќе размислиме за важната улога на Синот, за довербата што Таткото ја има во него, како и за љубовта што цврсто ги поврзува, зарем е чудно што само преку Исус можеме да стигнеме до Бог? Но, има уште една причина зошто само Синот може да нѐ одведе до Таткото.
Само Синот најдобро го познава Таткото
7, 8. Зошто Исус можел со право да каже дека никој не го познава Таткото толку добро „како Синот“?
7 За да можеме да му пристапиме на Јехова, треба да исполниме некои барања (Псалм 15:1-5). А кој може да знае подобро од Синот што е потребно за да се живее според Божјите мерила и да се стекне Божјата наклоност? Исус рекол: „Мојот Татко ми предаде сѐ. Никој не го познава Синот толку добро како Таткото, и никој не го познава Таткото толку добро како Синот и како оној кому Синот сака да му го открие“ (Матеј 11:27). Да видиме зошто Исус можел да каже — и тоа со право и без да претерува — дека никој не го познава Таткото толку добро „како Синот“.
8 Со оглед на тоа што Синот е „првороден од сѐ што е создадено“, меѓу него и Јехова постои една посебна блискост (Колошаните 1:15). Замисли колку мора да растела оваа блискост меѓу Таткото и Синот низ неброените векови кога тие двајца биле сами — од почетокот на создавањето па сѐ до моментот кога биле создадени и други духовни суштества! (Јован 1:3; Колошаните 1:16, 17). Помисли само на извонредната предност што ја имал Синот додека бил покрај Таткото — да ги впива Неговите мисли и да учи за Неговата волја, мерила и начин на постапување. Навистина, во никој случај не е претерано да се каже дека Исус го познава својот Татко подобро од кој и да е друг. Благодарение на ваквата блискост, тој можел да ни го открие Бог на еден посебен начин.
9, 10. а) На кои начини Исус ни го открил својот Татко? б) Што мора да правиме за да ја стекнеме Јеховината милост?
9 Од начинот на кој поучувал Исус, се гледа дека тој во потполност разбирал како размислува и како се чувствува Јехова, и дека многу добро знаел што очекува Бог од Своите слуги. * Но, Синот ни го открил Таткото и на еден друг длабок начин. Тој рекол: „Кој ме видел мене, го видел и Таткото“ (Јован 14:9). Исус зборувал и постапувал исто како својот Татко. Затоа, кога во Библијата читаме за Исус — за силните и пријатни зборови што ги кажувал додека поучувал, за сочувството што го поттикнало да ги лекува другите, за сожалувањето што го трогнало до солзи — можеме да си замислиме дека и Јехова би ги кажал и би ги правел истите овие работи (Матеј 7:28, 29; Марко 1:40-42; Јован 11:32-36). Сѐ што зборувал и сѐ што правел Синот било во совршен склад со волјата на Таткото и со начинот на кој би постапил самиот Тој (Јован 5:19; 8:28; 12:49, 50). Затоа, за да ја стекнеме Јеховината наклоност, треба да живееме според учењата на Исус и да го следиме неговиот пример (Јован 14:23).
10 Бидејќи Исус многу добро го познава Јехова и е ист како Него, не е чудо што Јехова одлучил луѓето да му пристапуваат преку Синот. Сега, откако разбравме зошто можеме да му пристапиме на Јехова само преку Исус, да видиме што значат следниве зборови на Синот: „Јас сум патот и вистината и животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6).
„Јас сум патот“
11. а) Зошто можеме да станеме пријатели со Бог само преку Исус? б) Како зборовите запишани во Јован 14:6 ја нагласуваат посебната улога што ја има Исус? (Види ја фуснотата.)
11 Веќе видовме дека без Исус не можеме да му пристапиме на Бог. Да разгледаме подетално што значи ова за нас. Исус е „патот“ во таа смисла што само преку него можеме да станеме пријатели со Бог. Зошто? Исус останал верен до смрт, давајќи го својот живот како откупна жртва (Матеј 20:28). Без оваа откупнина би било невозможно да му пристапиме на Бог. Јехова е свет и никогаш не би можел да премине преку гревот, кој претставува пречка меѓу луѓето и Бог (Исаија 6:3; 59:2). Но, жртвата на Исус ја отстранила оваа пречка — го обезбедила она што било потребно за тој грев да биде исчистен (Евреите 10:12; 1. Јованово 1:7). Ако го прифатиме она што го направил Бог преку Христос и ако покажеме вера во Исус, ќе можеме да ја стекнеме Јеховината наклоност. Едноставно, нема друг начин ‚да се помириме со Бог‘ * (Римјаните 5:6-11).
12. Во кој поглед Исус е „патот“?
1. Јованово 5:13, 14). Лично Исус рекол: „Што и да побарате од Таткото, ќе ви даде во мое име... Барајте, и ќе добиете, за да биде вашата радост потполна!“ (Јован 16:23, 24). Според тоа, можеме да му пристапиме на Јехова во молитва во името на Исус и да му се обраќаме со „Татко наш“ (Матеј 6:9). Исус е „патот“ на уште еден начин. Како што веќе видовме, тој бил ист како својот Татко. Значи, Исус ни покажал со пример како да живееме за да му угодиме на Јехова. Според тоа, за да му пристапиме на Јехова, мора да одиме по стапките на Исус (1. Петрово 2:21).
12 Исус е „патот“ и кога станува збор за молитвата. Само преку него можеме да му се молиме на Јехова и да бидеме уверени дека Бог ќе ги услиши нашите сесрдни молби („Јас сум... вистината“
13, 14. а) Во која смисла Исус ја кажувал вистината? б) Што требало да направи Исус за да биде „вистината“, и зошто?
13 Исус секогаш ја кажувал вистината во врска со пророчката реч на својот Татко (Јован 8:40, 45, 46). Во устата на Исус никогаш не се нашла измама (1. Петрово 2:22). Дури и неговите противници признавале дека ‚поучува според вистината за Божјиот пат‘ (Марко 12:13, 14). Сепак, кога рекол „Јас сум... вистината“, Исус не сакал само да каже дека ја објавил вистината со она што го зборувал, проповедал и поучувал. Тој се осврнал на една многу поважна работа.
14 Сети се дека, со векови однапред, Јехова ги вдахновил писателите на Библијата да напишат голем број пророштва за Месијата, односно за Христос. Овие пророштва содржеле детали за неговиот живот, служба и смрт. Освен тоа, и Мојсеевиот закон содржел пророчки претслики што укажувале на Месијата (Евреите 10:1). Дали Исус ќе остане верен до смрт, и на тој начин ќе го исполни сето она што било проречено за него? Само тогаш ќе се докаже дека Јехова е Богот на вистинските пророштва. Исус требало да ја понесе оваа огромна одговорност. Со својот живот — со секој свој збор и постапка — Исус ги исполнил сите пророчки претслики што се однесувале на него (2. Коринќаните 1:20). Затоа, Исус бил „вистината“ во таа смисла што, кога дошол на Земјата, Јеховината пророчка реч станала вистина — се исполнила во потполност! (Јован 1:17; Колошаните 2:16, 17).
„Јас сум... животот“
15. Што значи да се верува во Синот, и до што може да води таквата вера?
15 Исус е „животот“, бидејќи само преку него можеме да добиеме живот — „вистинскиот живот“ (1. Тимотеј 6:19). Библијата вели: „Кој верува во Синот, има вечен живот. Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него“ (Јован 3:36). Што значи да се верува во Божјиот Син? Тоа значи да бидеме уверени дека без него не можеме да добиеме живот. Освен тоа, треба да ја покажеме својата вера со дела, треба да продолжиме да учиме од Исус, и да даваме сѐ од себе за да постапуваме во склад со неговите учења и да го следиме неговиот пример (Јаков 2:26). Значи верата во Божјиот Син води до вечен живот — бесмртен духовен живот на небото за ‚малото стадо‘ од христијани помазани со дух, и бескраен живот за ‚големото мноштво‘ од „други овци“ кои ќе живеат како совршени луѓе во рајот на Земјата (Лука 12:32; 23:43; Откровение 7:9-17; Јован 10:16).
16, 17. а) Во која смисла Исус ќе биде „животот“ дури и за оние што умреле? б) Каква доверба можеме да имаме?
16 Но, што е со оние кои веќе умреле? Исус е „животот“ и за нив. Кратко пред да го воскресне својот пријател Лазар, Исус ѝ рекол на неговата сестра Марта: „Јас сум воскресението и животот. Кој верува во мене, и да умре, ќе оживее“ (Јован 11:25). Јехова му ги доверил на својот Син „клучевите од смртта и од гробот“, давајќи му на тој начин моќ да ги воскресне мртвите (Откровение 1:17, 18). Со тие клучеви, прославениот Исус ќе ги отклучи портите на гробот и ќе ги ослободи сите оние што се заробени во него (Јован 5:28, 29).
17 „Јас сум патот и вистината и животот“ — со овие неколку збора Исус кажал која била целта на неговиот живот и на неговата служба на Земјата. Овие зборови се многу значајни за нас денес. Сети се дека по оваа изјава Исус рекол: „Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Овие зборови важат и денес, исто како што важеле и во времето кога биле кажани. Затоа, можеме да имаме целосна доверба дека, ако го следиме Исус, нема никогаш да се загубиме. Тој, и само тој, ќе ни го покаже патот до Таткото.
Што ќе сториш ти?
18. Кои се вистински следбеници на Исус?
18 Бидејќи Исус има клучна улога и многу добро го познава Таткото, имаме добри причини да го следиме. Како што видовме во претходното поглавје, за да се биде вистински следбеник на Исус потребни се дела, а не само зборови или чувства. Вистински го следиме Христос ако живееме во склад со неговите учења и пример (Јован 13:15). Оваа книга може да ти помогне во тоа.
19, 20. Што содржи оваа книга што ќе ти помогне и понатаму да го следиш Христос?
19 Во следните поглавја, внимателно ќе ги проучиме животот и службата на Исус. Тие се групирани во три дела. Прво ќе се запознаеме со Исусовите особини и начин на постапување. Второ, ќе разгледаме каков пример ни дал со своето ревносно проповедање и поучување. И трето, ќе видиме како покажувал љубов. Од третото поглавје натаму има рамка за повторување со наслов: „Како би можел да бидеш како Исус?“ Стиховите и прашањата во секоја рамка се наменети да ти помогнат да размислиш како би можел да бидеш како Исус — и со зборови и на дело.
20 Благодарение на Јехова Бог, ти не мора да бидеш загубен, отуѓен од него затоа што си наследил грев. По голема лична цена, Јехова со љубов го испратил својот Син за да ни покаже како да станеме пријатели со Него (1. Јованово 4:9, 10). Се надеваме дека ќе бидеш поттикнат — силно мотивиран — да возвратиш на таа негова голема љубов со тоа што ќе ја прифатиш и ќе постапиш во согласност со Исусовата покана: „Појди по мене!“ (Јован 1:43).
^ пас. 3 Синот има толку важна улога што Библијата му дава бројни пророчки имиња и титули. (Види ја рамката на 23. страница.)
^ пас. 9 На пример, види ги Исусовите зборови запишани во Матеј 10:29-31; 18:12-14, 21-35; 22:36-40.
^ пас. 11 Во Јован 14:6, употребата на личната заменка „јас“ заедно со одредениот член, нагласува дека Исус има навистина посебна улога, дека тој е патот, односно единствениот преку кого можеме да му пристапиме на Таткото.