Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Хронолошки преглед на Библијата

Хронолошки преглед на Библијата
  1. „Во почетокот...“

  2. 4026 пр.н.е. Создавањето на Адам

  3. 3096 пр.н.е. Смртта на Адам

  4. 2370 пр.н.е. Почнува Потопот

  5. 2018 пр.н.е. Се раѓа Авраам

  6. 1943 пр.н.е. Сојузот со Авраам

  7. 1750 пр.н.е. Јосиф е продаден како роб

  8. пред 1613 пр.н.е. Искушенијата на Јов

  9. 1513 пр.н.е. Излегувањето од Египет

  10. 1473 пр.н.е. Израелците влегуваат во Ханаан под водство на Исус Навин

  11. 1467 пр.н.е. Освоен е голем дел од Ханаан

  12. 1117 пр.н.е. Саул е помазан за цар

  13. 1070 пр.н.е. Бог склучува со Давид сојуз за Царство

  14. 1037 пр.н.е. Соломон станува цар

  15. 1027 пр.н.е. Завршена е изградбата на храмот во Ерусалим

  16. о. 1020 пр.н.е. Завршена е Песна над песните

  17. 997 пр.н.е. Израел е поделен на две царства

  18. о. 717 пр.н.е. Завршено е пишувањето на Изреки

  19. 607 пр.н.е. Ерусалим е уништен; почнува изгнанството во Вавилон

  20. 539 пр.н.е. Кир го освојува Вавилон

  21. 537 пр.н.е. Еврејските изгнаници се враќаат во Ерусалим

  22. 455 пр.н.е. Ѕидовите околу Ерусалим се изградени; почнуваат 69-те седмици од години

  23. по 443 пр.н.е. Малахија ја завршува својата пророчка книга

  24. о. 2 пр.н.е. Раѓањето на Исус

  25. 29 од н.е. Исус е крстен и почнува да проповеда за Божјето Царство

  26. 31 од н.е. Исус ги избира своите 12 апостоли; ја одржува Проповедта на гората

  27. 32 од н.е. Исус го воскреснува Лазар

  28. 14 нисан, 33 од н.е. Исус е прикован на столб (нисан се совпаѓа со крајот на март и почетокот на април)

  29. 16 нисан, 33 од н.е. Исус е воскреснат

  30. 6 сиван, 33 од н.е. Педесетница; излевање на светиот дух (сиван се совпаѓа со крајот на мај и почетокот на јуни)

  31. 36 од н.е. Корнелиј станува христијанин

  32. о. 47-48 од н.е. Првото мисионерско патување на Павле

  33. о. 49-52 од н.е. Второто мисионерско патување на Павле

  34. о. 52-56 од н.е. Третото мисионерско патување на Павле

  35. о. 60-61 од н.е. Павле пишува писма додека е в затвор во Рим

  36. пред 62 од н.е. Исусовиот полубрат Јаков го пишува своето писмо

  37. 66 од н.е. Евреите креваат бунт против Рим

  38. 70 од н.е. Римјаните го разоруваат Ерусалим и неговиот храм

  39. о. 96 од н.е. Јован го пишува Откровението

  40. о. 100 од н.е. Умира Јован, последниот апостол