Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 3

Раав верувала во Јехова

Раав верувала во Јехова

Замисли си да си живеел во градот Ерихон. Ерихон бил во земјата Ханаан, каде што луѓето не верувале во Јехова. Таму живеела една жена која се викала Раав.

Како мала, Раав слушала приказни за тоа како Мојсеј го разделил Црвеното Море и како ги ослободил Израелците од Египет. Чула и како Јехова им помагал на Израелците да ги победат своите непријатели. Но, сега Израелците биле пред Ерихон!

Раав ги скрила извидувачите затоа што верувала во Јехова

Една вечер, двајца Израелци скришно влегле во Ерихон. Тие биле извидувачи. Нивна задача било да видат каков е градот и што има во него. Отишле кај Раав. Таа ги поканила да влезат и да останат кај неа. Царот на Ерихон дознал за тоа. Затоа испратил луѓе да ги фатат извидувачите. Раав ги сокрила двајцата извидувачи на покривот од куќата, а на луѓето на царот им рекла: ‚Да, тие луѓе беа кај мене, ама си заминаа. Ако побрзате, ќе ги стигнете!‘ Дали знаеш зошто Раав ги скрила двајцата Израелци?— Затоа што верувала во Јехова и знаела дека тој ќе им ја даде земјата Ханаан на Израелците.

Пред да си заминат откај Раав, извидувачите ѝ ветиле дека таа и нејзиното семејство нема да загинат кога Ерихон ќе биде уништен. Знаеш ли што ѝ рекле да направи?— Тие ѝ рекле: ‚Земи го ова црвено јаже и врзи го на прозорецот. Ако го направиш тоа, сите што се во твојата куќа ќе се спасат‘. Раав направила така како што ѝ рекле. А знаеш ли што се случило потоа?—

Јехова ги спасил Раав и нејзиното семејство

По неколку дена, Израелците почнале да кружат околу градот. Шест дена по ред го правеле тоа по еднаш на ден. Но, седмиот ден кружеле околу градот седум пати. Потоа почнале гласно да викаат. Тогаш Јехова ги срушил ѕидовите на градот. Но, куќата од која висело црвеното јаже не се срушила! Што гледаш на помалата слика?— Раав и нејзиното семејство биле спасени!

Што научи од Раав?— Раав верувала во Јехова затоа што научила многу убави работи за него. И ти учиш многу убави работи за Јехова. Дали и ти веруваш во него како што верувала Раав?— Сигурно дека веруваш!