ПОГЛАВЈЕ 28
„Само ти си лојален“
1, 2. Зошто може да се каже дека цар Давид знаел како е да бидеш изневерен?
ЦАР ДАВИД добро знаел како е да бидеш изневерен. Во еден период од неговото владеење бил жртва на многу сплетки — луѓе од неговиот сопствен народ ковале завери против него. Освен тоа, го издале некои од оние што ги сметал за најблиски пријатели. Меѓу нив била и Михала, неговата прва жена. Во почетокот, таа била „вљубена во Давид“ и сигурно му давала поддршка додека ги извршувал своите должности како цар. Но, подоцна ‚го презрела во своето срце‘, па дури и го сметала за ‚безумен‘ (1. Самоилова 18:20; 2. Самоилова 6:16, 20).
2 Друг пример е Ахитофел, личниот советник на Давид. Советот на Ахитофел се ценел како да доаѓа директно од Јехова (2. Самоилова 16:23). Меѓутоа, по некое време овој доверлив човек станал предавник и се приклучил на една организирана побуна против Давид. А кој стоел зад тој заговор? Авесалом, неговиот сопствен син! Овој сплеткар ‚ги придобивал срцата на Израелците‘ и се однесувал како тој да е цар. Бунтот на Авесалом зел толкав замав што цар Давид морал да бега за да си го спаси животот (2. Самоилова 15:1-6, 12-17).
3. Во што бил уверен Давид?
3 Зар никој не му останал лојален на Давид? Додека минувал низ сите тие неволји, тој знаел дека некој сепак останал на негова страна. Кој бил тој? Јехова Бог! „Со лојалниот постапуваш лојално“, му рекол Давид на Јехова (Псалм 18:25). Што е лојалност, и како Јехова покажал дека е најголемиот пример за лојалност?
Што е лојалност?
4, 5. а) Што означува зборот „лојалност“ во хебрејскиот јазик? б) Зошто само живите суштества можат да покажуваат лојалност?
4 Зборот „лојалност“ во Хебрејските списи означува добрина со која една личност со многу љубов се приврзува кон некого (или нешто) и не го напушта сѐ додека не се исполни целта што ја има во врска со тоа лице (или тоа нешто). Во хебрејскиот јазик, зборовите „верност“ и „лојалност“ немаат сосема исто значење. Верноста понекогаш се темели само на чувство на должност. Но, лојалноста за која се зборува во Библијата секогаш произлегува од љубов. На пример, псалмистот ја нарекол Месечината „верен сведок“ бидејќи таа редовно се појавува на ноќното небо (Псалм 89:37). Но, Месечината не е опишана како лојална. Зошто? Затоа што лојалноста е израз на љубов, а неживите работи не можат да покажуваат љубов.
Иако Месечината е наречена верен сведок, само суштествата обдарени со разум можат да покажуваат лојалност како Јехова
5 Лојалноста за која се зборува во Библијата е срдечна особина. Кога една личност покажува лојалност кон друга личност, тоа значи дека меѓу нив постои блискост. Таквата лојалност не е непостојана. Таа не е како морските бранови кои се носени ваму-таму од променливите ветрови. Напротив, лојалноста е толку
постојана и цврста особина што може да ги совлада дури и најголемите препреки.6. а) Колку е ретка лојалноста кај луѓето, и како Библијата го потврдува тоа? б) Како можеме најдобро да дознаеме што опфаќа лојалноста?
6 Мора да се признае, денес ретко се сретнува таква лојалност. Има многу „луѓе што се готови да го уништат својот другар“. Исто така, сѐ повеќе се случува едниот брачен другар да го напушти другиот (Изреки 18:24; Малахија 2:14-16). Измамите се толку честа појава што можеби и ние го помислуваме она што го кажал пророкот Михеј: „Исчезна лојалниот од земјата“ (Михеј 7:2). Иако луѓето ретко покажуваат лојалност, таа е истакната карактеристика на Јехова. Всушност, најдобар начин да дознаеме што точно опфаќа лојалноста е да видиме како Јехова ја покажува оваа прекрасна особина.
Никој не е лојален како Јехова
7, 8. Зошто може да се каже дека само Јехова е лојален?
7 Библијата го вели следново за Јехова: „Само ти си лојален“ (Откровение 15:4). Како е можно тоа? Зар не покажале голема лојалност и некои луѓе и ангели? (Јов 1:1; Откровение 4:8). Исто така, зар Исус не е наречен Божјиот „лојален слуга“? (Псалм 16:10). Тогаш, зошто може да се каже дека само Јехова е лојален?
8 Имај на ум дека лојалноста е израз на љубов. Бидејќи „Бог е љубов“, односно олицетворение на љубовта, може ли некој да покажува поголема лојалност од него? (1. Јованово 4:8). Точно е дека ангелите и луѓето можат да ги покажуваат Божјите особини, но само Јехова е лојален во најпотполна смисла на зборот. Бидејќи постои отсекогаш, тој покажува лојална љубов подолго од секое друго суштество на небото и на Земјата (Даниел 7:9). Според тоа, Јехова е најголем пример за лојалност. Никој друг не може да ја покажува оваа особина како него. Да наведеме неколку примери.
9. Во која смисла Јехова е „лојален во сите свои дела“?
9 Јехова е „лојален во сите свои дела“ (Псалм 145:17). Во која смисла? Одговорот го наоѓаме во 136. Псалм. Таму се спомнуваат многу ситуации во кои Јехова му помогнал на својот народ, како што било впечатливото преминување на Израелците низ Црвеното Море. Значајно е тоа што секој стих од овој псалм го содржи изразот: „Зашто неговата милост [или „лојална љубов“, фуснота] трае довека“. Овој псалм е вклучен во прашањата за размислување на 289. страница. Додека ги читаш тие стихови, сигурно ќе те одушеви тоа што Јехова покажал лојална љубов кон својот народ на најразлични начини. Значи, Јехова покажува лојалност кон своите верни слуги со тоа што ги слуша нивните молитви и им помага кога ќе дојде време за тоа (Псалм 34:6). Јехова ќе биде лојален кон своите слуги сѐ додека тие му се лојални нему.
10. Како мерилата на Јехова покажуваат дека тој е лојален?
10 Освен тоа, Јехова покажува лојалност кон своите слуги и на тој начин што секогаш се држи за своите мерила. За разлика од некои непостојани луѓе, кои се водат по моменталните желби и чувства, Јехова не го менува своето гледиште за тоа што е исправно, а што погрешно. Неговото гледиште за спиритизмот, идолопоклонството и убиството не се променило илјадници години. Преку својот пророк Исаија, тој рекол: „И до вашата старост јас ќе бидам истиот“ (Исаија 46:4). Значи, можеме да бидеме сигурни дека ќе биде за наше добро да ги следиме јасните морални упатства што се наоѓаат во Божјата Реч (Исаија 48:17-19).
11. Од каде знаеме дека Јехова секогаш ги исполнува своите ветувања?
11 Јехова покажува лојалност и со тоа што секогаш ги одржува своите ветувања. Кога ќе прорече нешто, Исаија 55:11). Со тоа што секогаш си стои на зборот, Јехова покажува лојалност кон својот народ. Тој не ги остава своите слуги желно да се надеваат на нешто што нема намера да го направи. Јехова беспрекорно ги исполнува сите свои ветувања. Затоа, неговиот слуга Исус Навин можел да рече: „Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што му ги даде Јехова на Израеловиот дом. Сѐ се исполни“ (Исус Навин 21:45). Можеме да бидеме сосема сигурни дека никогаш нема да се разочараме од Јехова бидејќи ќе го исполни секое ветување што го дал (Исаија 49:23; Римјаните 5:5).
тоа сигурно ќе се исполни. Затоа, Јехова рекол: „Мојата реч што излегува од мојата уста... нема да се врати кај мене без плод, туку ќе го направи она што го сакам и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (12, 13. Во која смисла Јеховината лојална љубов „трае довека“?
12 Како што веќе беше спомнато, Библијата вели дека Јеховината лојална љубов „трае довека“ (Псалм 136:1). Во која смисла? Како прво, кога Јехова ни ги простува гревовите, ги простува засекогаш. Како што видовме во 26. поглавје, тој не ги спомнува грешките од минатото што веќе ни ги простил. Бидејќи ‚сите грешат и не ја одразуваат Божјата слава‘, секој од нас треба да биде благодарен што Јеховината лојална љубов трае вечно (Римјаните 3:23).
13 Но, може да се каже дека Јеховината лојална љубов „трае довека“ и во една друга смисла. Во Божјата Реч пишува дека праведниот ќе биде „како дрво посадено крај води што течат, кое својот плод го донесува во свое време и на кое лисјето не му венеат, и во сѐ што прави, ќе биде успешен“ (Псалм 1:3). Замисли си едно разгрането дрво чии лисја не венеат! Ако вистински уживаме во Божјата Реч, и нашиот живот ќе биде долг, спокоен и исполнет. Благословите што Јехова лојално ги излева врз своите верни слуги ќе траат вечно. Во праведниот нов свет што ќе го воспостави Јехова, послушните луѓе во сета вечност ќе ја чувствуваат неговата лојална љубов (Откровение 21:3, 4).
Јехова „нема да ги остави оние што му се лојални“
14. Како Јехова покажува дека ја цени лојалноста на своите слуги?
14 Јехова многупати покажал дека е лојален. Бидејќи тој никогаш не се менува, лојалноста што ја покажува кон своите верни слуги никогаш не се намалува. Псалмистот напишал: „Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб. Зашто, Јехова ја сака правдата и нема да ги остави оние што му се лојални“ (Псалм 37:25, 28). Како Творец на сѐ што постои, Јехова заслужува да го обожаваме (Откровение 4:11). А затоа што е лојален, тој не го заборава она што го правиме за да му бидеме верни (Малахија 3:16, 17).
15. Како она што Јехова го направил за Израелците ни покажува колку е лојален?
15 Поради својата лојална љубов, Јехова никогаш не престанува да им помага на своите слуги кога се во неволја. Псалмистот ни кажува: „Тој ги чува душите на оние што му се лојални, од раката на злите тој ги избавува“ (Псалм 97:10). Да се потсетиме што направил Јехова за Израелците. Откако со чудо ги избавил така што ги разделил водите на Црвеното Море, тие му пееле: „Со својата милост [или „лојална љубов“, фуснота] го водеше народот што го беше избавил“ (2. Мојсеева 15:13). Со тоа што ги спасил Израелците, Јехова покажал лојална љубов кон нив. Затоа, Мојсеј им рекол: „Јехова не ви покажа наклоност и не ве избра вас затоа што бевте најголем од сите народи, зашто вие бевте најмалиот од сите народи. Јехова ве избра затоа што ве сакаше и за да ја одржи заклетвата со која им се заколна на вашите прататковци. Затоа Јехова ве изведе со силна рака и ве откупи од куќата на ропството, од раката на фараонот, царот на Египет“ (5. Мојсеева 7:7, 8).
16, 17. а) Колку голема неблагодарност покажале Израелците, но каква милост покажал Јехова кон нив? б) Како повеќето Израелци покажале дека веќе ‚им немало лек‘, и какво предупредување е тоа за нас?
16 Како што знаеме, Израелците како народ не покажале благодарност за Јеховината лојална љубов. Откако биле избавени, тие уште повеќе му грешеле на Јехова, „бунејќи се против Севишниот“ (Псалм 78:17). Со векови, секогаш одново се бунтувале така што го напуштале Јехова и се свртувале кон лажни богови и валкани пагански обичаи. Сепак, Јехова не го раскинал својот сојуз со нив. Напротив, преку пророкот Еремија го преколнувал својот народ: „Врати се, одметничке, Израеле... Нема да се гневи моето лице на вас, зашто јас сум лојален“ (Еремија 3:12). Меѓутоа, како што видовме во 25. поглавје, овие зборови не допреле до срцето на повеќето Израелци. Во Библијата пишува: „Тие постојано им се подбиваа на гласниците на вистинскиот Бог, Јехова, ги презираа неговите зборови и ги исмејуваа неговите пророци“. До кога го правеле тоа? „Сѐ додека неговиот гнев не дојде врз неговиот народ, та веќе немаше лек“ (2. Летописи 36:15, 16).
17 Што учиме ние од ова? Учиме дека Јехова не е лекомислен кога покажува лојалност. Точно е дека тој е полн со лојална љубов и сака да покажува милост кога има основа за тоа. Но, што се случува кога некој грешник никако не сака да се промени? И во тој случај Јехова се држи за своите праведни мерила и го казнува. Како што му било кажано на Мојсеј, Јехова „не ослободува од казна“ (2. Мојсеева 34:6, 7).
18, 19. а) Како Јехова покажува дека е лојален со тоа што ги казнува злобните? б) Како Јехова ќе покаже лојалност кон своите верни слуги што биле прогонувани и убиени?
18 Тоа што Бог ги казнува злобните исто така покажува дека е лојален. Како? Еден доказ наоѓаме во библиската книга Откровение. Во неа пишува дека на седум ангели Јехова им заповедал: „Одете и излејте ги на земјата седумте садови на Божјиот гнев“. Кога третиот ангел го излеал својот сад „во реките и во изворите на вода“, тие се претвориле во крв. Тогаш ангелот му рекол на Јехова: „Праведен си, ти кој си и кој беше, Боже лојален, бидејќи така пресуди. Зашто, тие ја пролеаја крвта на твоите свети слуги и на пророците, па ти им даде да пијат крв. Тоа и го заслужија“ (Затоа што е лојален, Јехова ги помни и ќе ги воскресне оние што останале лојални до смрт
19 Додека ја пренесувал таа порака на осуда, ангелот рекол дека Јехова е „лојален“. Зошто? Бидејќи со тоа што ќе ги уништи злобните, Јехова ќе покаже лојалност кон своите слуги, од кои многумина биле прогонувани и убиени. Затоа што е лојален, Јехова живо се сеќава на нив и копнее по денот кога повторно ќе ги види тие верни луѓе. Библијата нѐ уверува дека тој ќе Јов 14:14, 15). Јехова не ги заборава своите лојални слуги само затоа што умреле. Напротив, „за него сите тие се живи“ (Лука 20:37, 38). Тоа што Јехова има намера да ги врати во живот оние што се во неговото сеќавање е голем доказ дека е лојален.
ги награди така што ќе ги воскресне (Спасени благодарение на Јеховината лојална љубов
20. Кои се „садовите на милосрдноста“, и како Јехова покажува лојалност кон нив?
20 Јехова отсекогаш покажувал голема лојалност кон оние што му биле верни. Всушност, илјадници години тој ‚ги поднесува садовите на гневот, кои се подготвени за уништување‘. Зошто? „За да го разгласи богатството на својата слава врз садовите на милосрдноста, кои однапред ги подготви за слава“ (Римјаните ). Овие ‚садови на милосрдноста‘ се луѓе кои се помазани со светиот дух за да владеат заедно со Христос во неговото Царство ( 9:22, 23Матеј 19:28). Со тоа што им овозможил спасение, Јехова покажал лојалност кон Авраам, на кого му ветил: „Преку твоето потомство ќе се благословат сите народи на земјата затоа што го послуша мојот глас“ (1. Мојсеева 22:18).
21. а) Како Јехова покажува лојалност кон едно „големо мноштво“ луѓе што ќе ја преживеат „големата неволја“? б) На што те мотивира лојалноста што ја покажува Јехова?
21 Јехова покажува слична лојалност и кон едно „големо мноштво“ луѓе што ќе ја преживеат „големата неволја“ и ќе можат да живеат вечно во рај на Земјата (Откровение 7:9, 10, 14). Иако неговите слуги се несовршени, Јехова им дава можност да живеат вечно на една рајска Земја. Како го овозможил тоа? Преку откупнината, која е најголем доказ дека Јехова е лојален (Јован 3:16; Римјаните 5:8). Јеховината лојалност ги привлекува оние чии срца копнеат по праведност (Еремија 31:3). Зар не се чувствуваш поблизок со Јехова поради длабоката лојалност што ја покажува денес и ќе продолжи да ја покажува и во иднина? Бидејќи наша цел е да се зближиме со Бог, да возвратиме на неговата љубов со тоа што ќе продолжиме да му служиме лојално.