ПОГЛАВЈЕ 8
Моќ да обновува — Јехова ‚прави сѐ ново‘
1, 2. Со какви загуби се соочуваме денес, и како тоа влијае врз нас?
ЕДНО ДЕТЕ ја скршило или ја изгубило својата омилена играчка. Срцето ти се кине од жал кога го слушаш како плаче! Но, што се случува кога татко му ќе ја поправи или ќе ја најде таа играчка? Лицето на детето блеснува од радост. Можеби за таткото воопшто не е тешко да ја поправи или да ја најде играчката. Но, детето е пресреќно и восхитено. Повторно го држи в раце она што мислело дека веќе го нема!
2 Јехова, најдобриот Татко, има моќ повторно да го врати она што луѓето, односно неговите деца на Земјата, сметаат дека е изгубено засекогаш. Се разбира, не станува збор за обични играчки. Во овие „особено тешки времиња“ губиме многу повредни работи (2. Тимотеј 3:1-5). Луѓето можат во секој момент да го изгубат она што многу им значи — домот, имотот, работата, па дури и здравјето. Освен тоа, загрижени сме поради уништувањето на животната средина и истребувањето на многу животински и растителни видови. Меѓутоа, ништо не нѐ погодува толку многу како смртта на некој што го сакаме. Во тие моменти нѐ преплавуваат чувства на загуба и беспомошност (2. Самоилова 18:33).
3. Каква намера има Јехова според Дела 3:21, и како ќе ја исполни?
3 Колку е утешно тоа што Јехова има моќ да обновува! Како што ќе видиме, нема граници на она што Бог може и сака да им го врати на своите деца на Земјата. Всушност, Библијата покажува дека Јехова има намера „да обнови сѐ“ (Дела 3:21, Радосна Вест). Јехова ќе го постигне тоа преку месијанското Царство на чело со неговиот Син, Исус Христос. Доказите покажуваат дека ова Царство почнало да владее на небото во 1914 год. * (Матеј 24:3-14). Што ќе биде обновено? Да разгледаме некои од Јеховините величествени дела на обнова. Едно такво дело веќе се одвива пред наши очи. Останатите ќе се случуваат во иднина во огромни размери.
Обнова на вистинската религија
4, 5. Што му се случило на Божјиот народ во 607 год. пр.н.е, и каква надеж дал Јехова?
4 Една работа што Јехова веќе ја обновил е вистинската религија, односно исправното обожавање на вистинскиот Бог. За да сфатиме што значи тоа, да кажеме неколку збора за историјата на царството Јуда. Така ќе дознаеме како Јехова веќе ја користел својата моќ да обновува (Римјаните 15:4).
5 Замисли си како им било на верните Евреи во 607 год. пр.н.е., кога Ерусалим бил уништен. Нивниот сакан град бил срамнет со земја. Ѕидовите му биле разурнати, а што е уште полошо, во урнатини лежел и величествениот храм што го изградил Соломон (Псалм 79:1). Тој бил единствениот храм на Земјата каде што се обожавал Јехова. Оние што преживеале биле одведени во Вавилон, а нивната родна земја станала пустелија и собиралиште на диви животни (Еремија 9:11). Од човечка гледна точка, сѐ изгледало изгубено (Псалм 137:1). Но Јехова, кој долго време претходно прорекол дека ќе дојде до такво уништување, дал надеж дека ќе дојде и време на обнова.
6-8. а) На која тема често пишувале хебрејските пророци, и какво првобитно исполнување имале тие пророштва? б) Како Божјиот народ во денешно време го доживеал исполнувањето на многу од пророштвата за обнова?
* Преку нив, Јехова ветил дека земјата ќе биде обновена, повторно населена, плодна и заштитена од диви ѕверови и непријателски напади. Тој ја опишал нивната обновена земја како вистински рај! (Исаија 65:25; Езекиел 34:25; 36:35). Што е најважно, луѓето повторно ќе почнеле да му служат на вистинскиот Бог и храмот повторно ќе бил изграден (Михеј 4:1-5). Тие пророштва им влеале надеж на прогонетите Евреи и им помогнале да го издржат изгнанството во Вавилон, кое траело 70 години.
6 Во своите списи, хебрејските пророци често пишувале за обнова.7 Времето за таа обнова конечно дошло. Откако биле ослободени од Вавилон, Евреите се вратиле во Ерусалим и повторно го изградиле Јеховиниот храм (Езра 1:1, 2). Сѐ додека го обожавале вистинскиот Бог на исправен начин, Јехова ги благословувал и нивната земја давала богат род. Јехова ги заштитувал од ѕверовите и од непријателите што веќе со децении живееле на нивната земја. Сигурно биле пресреќни што Јехова имал моќ да го врати она што го изгубиле! Но, тие настани биле само прво, делумно исполнување на пророштвата за обнова. До едно поголемо исполнување требало да дојде „во последните денови“, а тоа е нашево време, кога на престолот седнал одамна ветениот наследник на цар Давид (Исаија 2:2-4; 9:6, 7)
8 Кратко откако седнал на престолот на небесното Царство во 1914 год., Исус го насочил вниманието на духовните потреби на Божјиот верен народ на Земјата. Исто како што персискиот освојувач Кир во 537 год. пр.н.е. ослободил од Вавилон еден остаток од Евреите, така и Исус ослободил еден остаток од духовни Евреи — своите Римјаните 2:29; Откровение 18:1-5). Од 1919 год. наваму, вистинските христијани повторно почнале да му служат на Бог на исправен начин (Малахија 3:1-5). Оттогаш, Јеховиниот народ му служи на Бог во неговиот пречистен духовен храм, кој го симболизира сето она што Бог го подготвил за да можеме да му служиме на прифатлив начин. Зошто тоа е важно за нас денес?
следбеници — од влијанието на денешниот Вавилон, односно светското царство на лажната религија (Зошто е важна духовната обнова
9. а) Што се случило по смртта на апостолите? б) Што направил Јехова во наше време?
9 Да се вратиме малку во минатото. Христијаните во првиот век доживеале многу духовни благослови. Но, Исус и апостолите прорекле дека обожавањето на вистинскиот Бог ќе се расипе и ќе исчезне (Матеј 13:24-30; Дела 20:29, 30). Така, по смртта на апостолите се појавило лажно христијанство. Неговите свештеници прифатиле пагански учења и обичаи. Тие почнале да го прикажуваат Бог како дел од некакво несфатливо тројство и да ги учат луѓето да им се исповедуваат на свештениците и да им се молат на Марија и на разни „светци“ наместо на Јехова. Затоа, на луѓето им било тешко да се зближат со Бог. Таквата расипаност трае со векови. Дали Јехова направил нешто во врска со тоа? Да. Во овој свет исполнет со верски лаги и безбожни обичаи, Јехова ја обновил вистинската религија! Нема да претераме ако кажеме дека таа обнова е една од најважните работи што се случиле во поново време.
10, 11. а) Кои две работи ги опфаќа духовниот рај, и како тие влијаат врз нас лично? б) Какви луѓе собира Јехова во духовниот рај, и што ќе доживеат тие?
10 Затоа, вистинските христијани денес се радуваат на еден духовен рај. Што сѐ опфаќа тој рај? Главно две работи. Првата работа е тоа што го обожаваме вистинскиот Бог, Јехова, на исправен начин. Тој нѐ ослободил од лажните верски учења и се погрижил да имаме духовна храна. Тоа ни овозможува да го запознаеме нашиот небесен Јован 4:24). Втората работа поврзана со духовниот рај се однесува на луѓето. Како што прорекол Исаија, „во последните денови“ Јехова ги поучува своите слуги да не војуваат и да живеат во мир едни со други. И покрај тоа што сме несовршени, Јехова ни помага да ја облечеме „новата личност“. Како благослов за нашиот труд тој ни го дава својот свет дух, кој во нас создава убави особини (Ефешаните 4:22-24; Галатите 5:22, 23). Кога постапуваш во склад со Божјиот свет дух, ти си дел од духовниот рај.
Татко, да му бидеме послушни и да станеме блиски со него (11 Во духовниот рај Јехова ги собира луѓето што ги сака — оние што имаат љубов кон него, што го сакаат мирот и што „настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Таквите луѓе ќе доживеат една уште повеличествена обнова — не само на човештвото туку и на целата Земја.
„Гледај, правам сѐ ново!“
12, 13. а) Од каде знаеме дека ќе има уште едно исполнување на пророштвата за обнова? б) Каква намера со Земјата има Јехова, и зошто тоа ти влева надеж?
12 Многу библиски пророштва за обнова не се однесуваат само на духовната обнова. На пример, Исаија го опишал времето кога болните, сакатите, слепите и глувите ќе бидат излекувани, а смртта ќе биде уништена засекогаш (Исаија 25:8; 35:1-7). Овие пророштва не се исполниле дословно во древниот Израел, а во денешно време го гледаме само нивното духовно исполнување. Но, имаме цврсти причини да веруваме дека во иднина ќе има и едно дословно исполнување, и тоа низ целиот свет. Од каде го знаеме тоа?
13 Уште во еденската градина, Јехова јасно кажал каква е неговата намера со Земјата. Таа требало да биде населена со среќни и здрави луѓе кои ќе живеат сложно. Луѓето требало да се грижат за Земјата и за сите суштества што живееле на неа. Требало да ја претворат во рај целата планета (1. Мојсеева 1:28). Тоа е сосема спротивно од она што го гледаме денес. Сепак, биди уверен дека Јеховините намери нема да пропаднат (Исаија 55:10, 11). Исус, месијанскиот Цар поставен од Јехова, ќе ја претвори во рај целата Земја (Лука 23:43).
14, 15. а) Како ќе се исполнат Јеховините зборови „правам сѐ ново“? б) Каков ќе биде животот во рајот, и што од тоа најмногу ти се допаѓа?
14 Помисли на времето кога целата Земја ќе стане рај. Во врска со тоа време, Јехова вели: „Гледај, правам сѐ ново!“ (Откровение 21:5). Размисли што ќе значи тоа. Откако Јехова ќе ја употреби својата моќ за да го уништи овој злобен свет, ќе останат „нови небеса и нова земја“. Ова значи дека една нова влада ќе управува од небото со едно праведно човечко општество составено од луѓе што го сакаат Јехова и ја вршат неговата волја (2. Петрово 3:13). Сатана и неговите демони нема да можат повеќе да дејствуваат (Откровение 20:3). За прв пат по толку илјади години човештвото ќе биде ослободено од нивното расипано, злобно, негативно влијание. Без сомнение ќе настапи големо олеснување.
15 Конечно ќе можеме да се грижиме за нашата убава планета онака како што требало да биде уште во почетокот. Земјата има способност сама да се обновува. Загадените езера и реки можат сами да се прочистат ако се отстрани изворот на нивното загадување, а пределите уништени од војните можат сами да се обноват ако престанат војните. Со вистинско уживање ќе помагаме Земјата да се обнови и да стане голем парк — рајска градина полна со секакви природни убавини! Наместо немилосрдно да истребува животински и растителни видови, човекот ќе живее во мир со сите созданија на Земјата. Дури ни децата нема да се плашат од дивите животни (Исаија 9:6, 7; 11:1-9).
16. Каква обнова ќе доживее секој верен човек?
16 И секој од нас лично ќе доживее еден вид обнова. Оние што ќе го преживеат Армагедон ќе гледаат како низ целата Земја луѓето оздравуваат од своите болести. Исто како што правел додека бил на Земјата, Исус ќе ја користи моќта што му ја дал Бог за да им го врати видот на слепите и слухот на глувите и за да им даде здраво тело на болните Матеј 15:30). Остарените ќе се радуваат затоа што повторно ќе имаат сила, здравје и енергија како во младоста (Јов 33:25). Брчките ќе исчезнат, искривените раце и нозе ќе се исправат, а мускулите ќе се зајакнат. Секој верен човек ќе почувствува како последиците од гревот и несовршеноста постепено исчезнуваат. Колку само ќе му бидеме благодарни на Јехова Бог за неговата чудесна моќ да обновува! Сега ќе се осврнеме на еден многу радосен настан од тоа возбудливо време на обнова.
и сакатите (Мртвите повторно ќе живеат
17, 18. а) Зошто Исус ги прекорил садукеите? б) Што го натерало Илија да го моли Јехова да воскресне едно дете?
17 Во првиот век од н.е., една група верски водачи наречени садукеи не верувале во воскресение. Исус ги прекорил со зборовите: „Вие сте во заблуда, бидејќи не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата моќ“ (Матеј 22:29). Библијата ни открива дека Јехова има моќ да ги врати мртвите во живот. Како?
18 Замисли си што се случило во времето на Илија. Една вдовица го држела в раце мртвото тело на своето единствено дете. Пророкот Илија, кој некое време живеел кај таа вдовица, мора да бил потресен. Претходно направил чудо за тоа дете да не умре од глад, и веројатно многу го засакал. Мајката била скршена од болка. Тоа дете ѝ било единственото нешто што ја потсетувало на нејзиниот починат сопруг. Можеби се надевала дека нејзиниот син ќе се грижи за неа кога ќе остари. Растревожена, оваа вдовица си мислела дека ја снашло казна за некој грев. Илија не можел да гледа како трагедијата станува сѐ поголема. Нежно го зел безживотното тело на детето од прегратката на мајката, го однел во својата соба на горниот кат и го молел Јехова Бог да му го врати животот (1. Царевите 17:8-21).
19, 20. а) Каква вера покажал Авраам, и каква основа имал за својата вера? б) Како Јехова ја наградил верата на Илија?
19 Илија не бил првиот човек што верувал во воскресение. Многу векови претходно и Авраам со добра 1. Мојсеева 17:17; 21:2, 3). Подоцна, кога детето пораснало, Јехова побарал од Авраам да го принесе како жртва. Авраам покажал вера дека Јехова може да му го врати животот на неговиот сакан син Исак (Евреите 11:17-19). Можеби токму затоа, пред да се качи на планината за да го жртвува својот син, Авраам им рекол на своите слуги дека тој и Исак ќе се вратат заедно (1. Мојсеева 22:5).
причина верувал дека Јехова има моќ да ги врати мртвите во живот. Кога Авраам имал 100, а Сара 90 години, Јехова ја обновил нивната способност да имаат деца и со чудо ѝ овозможил на Сара да роди син (20 Јехова не дозволил Исак да умре, па затоа немало потреба ни да го воскресне. Меѓутоа, во случајот со Илија, синот на вдовицата веќе бил мртов. Но, не за долго! Јехова ја наградил верата на пророкот со тоа што го воскреснал детето. Тогаш Илија ѝ го дал детенцето на мајката и ѝ ги кажал следниве незаборавни зборови: „Еве, син ти е жив“ (1. Царевите 17:22-24).
21, 22. а) Зошто Библијата содржи извештаи за лица што воскреснале? б) Колкав ќе биде бројот на луѓе што ќе воскреснат во рајот на Земјата, и кој ќе ги воскресне?
21 Ова е првиот библиски извештај за тоа како Јехова ја искористил својата моќ да обновува за да врати човечки живот. Подоцна, Јехова им дал таква моќ и на Елисеј, Исус, Павле и Петар. Се разбира, по извесно време, оние што воскреснале повторно умреле. Сепак, таквите библиски извештаи на прекрасен начин ни доловуваат што нѐ очекува во иднина.
22 Во рајот, Исус ќе покаже дека тој навистина е „воскресението и животот“ (Јован 11:25). Ќе врати во живот милиони луѓе и ќе им даде можност да живеат вечно на Земјата (Јован 5:28, 29). Замисли си со колкава радост ќе се прегрнуваат блиските пријатели и роднини кога конечно повторно ќе се видат откако смртта ги разделила! Целото човештво ќе го слави Јехова поради неговата моќ да обновува.
23. Кој е најголемиот доказ за Јеховината моќ, и каква гаранција ни дава тоа?
23 Јехова дал цврста гаранција дека ќе има воскресение. Тој го воскреснал својот Син, Исус, како моќно духовно суштество и го поставил на положба веднаш по својата. Откако воскреснал, Исус им се појавил на стотици луѓе (1. Коринќаните 15:5, 6). Ова би требало да биде доволно силен доказ за да ги увери дури и најсомничавите дека Јехова има моќ да им го врати животот на оние што умреле.
24. Зошто можеме да бидеме уверени дека Јехова ќе ги воскресне мртвите, и на што треба да мисли секој од нас?
24 Освен што има моќ да ги воскресне мртвите, Јехова има и силна желба да го направи тоа. Под водство на светиот дух, верниот Јов рекол дека Јехова копнее да ги врати мртвите во живот (Јов 14:15). Зарем тоа не ти ја разгорува љубовта кон нашиот Бог? Замисли си, тој едвај чека да ја употреби својата моќ на таков прекрасен начин! Но, не заборавај дека воскресението е само едно од многуте дела на обнова што допрва ќе ги изврши Јехова. Затоа, станувај сѐ поблизок со него и мисли на тоа дека еден ден и ти ќе можеш да видиш како Јехова ‚прави сѐ ново‘ (Откровение 21:5).
^ пас. 3 Времето кога Бог требало „да обнови сѐ“ започнало кога било воспоставено месијанското Царство, на чиј престол седнал наследник на верниот цар Давид. Јехова му ветил на Давид дека еден негов наследник ќе владее вечно (Псалм 89:35-37). Но, откако Вавилонците го уништиле Ерусалим во 607 год. пр.н.е., на Божјиот престол не седнал ниеден човек од лозата на Давид. Исус, кој на Земјата се родил како потомок на Давид, станал одамна ветениот Цар кога почнал да владее на небото.
^ пас. 6 На пример, на таа тема пишувале Мојсеј, Исаија, Еремија, Езекиел, Осија, Јоил, Амос, Авдија, Михеј и Софонија.