Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 12

Што ќе ти помогне да не се откажеш од проучувањето на Библијата?

Што ќе ти помогне да не се откажеш од проучувањето на Библијата?

Проучувањето на Библијата е многу корисно, но не е секогаш лесно. Можеби ќе се соочиш со ситуации во кои ќе се прашуваш дали да прекинеш со проучувањето. Но, зошто вреди да продолжиш да проучуваш и што ќе ти помогне да не се откажеш и покрај тешкотиите?

1. Зошто вреди да се проучува Библијата?

„Речта Божја е жива и делотворна“ (Евреите 4:12). Библијата има голема вредност бидејќи открива како размислува Бог и што чувствува тој за тебе. Од неа можеш да научиш многу работи, а може и да ти даде мудрост и надеж. А што е најважно, Библијата може да ти помогне да станеш пријател со Јехова. Додека ја проучуваш Библијата, дозволуваш таа позитивно да влијае врз твојот живот.

2. Зошто е важно да ја имаме на ум вредноста на библиската вистина?

Библиската вистина е како скапоцено богатство. Затоа, Божјата Реч нѐ поттикнува: „Купувај ја вистината и немој да ја продаваш“ (Изреки 23:23). Ако сме свесни колку е скапоцена библиската вистина, ќе дадеме сѐ од себе да продолжиме да проучуваме дури и кога ќе се соочиме со тешкотии. (Прочитај Изреки 2:4, 5.)

3. Како може Јехова да ти помогне да продолжиш со проучувањето?

Јехова е семоќен Творец и твој пријател, и затоа тој сака да ти помогне да дознаеш повеќе за него. Тој може да ти даде и желба и сила да постапуваш во склад со неговата волја. (Прочитај Филипјаните 2:13; 4:13.) Затоа, ако понекогаш ти е тешко да проучуваш или да го применуваш она што го учиш, тој може да ти ја даде потребната мотивација. Може да ти даде и сила да се справиш со тешкотиите или противењето. Редовно моли го Јехова да ти помогне да продолжиш да ја проучуваш Библијата (1. Солуњаните 5:17).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш да продолжиш да ја проучуваш Библијата и покрај многуте обврски или противењето од другите. Освен тоа, ќе дознаеш како Јехова ќе ти помогне да не се откажеш од проучувањето.

4. Покажи дека библискиот курс ти е многу важен

Понекогаш сме толку многу зафатени што ни се чини дека немаме време за да ја проучуваме Библијата. Што може да ни помогне? Прочитај Филипјаните 1:10, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислиш, кои се најважните работи во животот?

  • Како можеш да покажеш дека библискиот курс ти е многу важен?

  1. А) Ако во една кофа најпрво ставиш песок, а потоа се обидеш да ставиш камења, за нив нема да има место

  2. Б) Ако прво ги ставиш камењата, ќе има место и за поголемиот дел од песокот. Слично на тоа, ако на прво место во животот го ставиш она што е најважно, ќе имаш време и за други работи

Секој човек има духовни потреби — треба да го запознае Бог и да го обожава. Со проучувањето на Библијата ги задоволуваме овие духовни потреби. Прочитај Матеј 5:3, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто е добро проучувањето на Библијата да ни биде важно во животот?

5. Не се откажувај ако другите ти се противат

Некои можеби ќе се обидат да те убедат да престанеш да ја проучуваш Библијата. Забележи што му се случило на Франческо. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Како реагирале другарите на Франческо и мајка му кога тој им кажал дека ја проучува Библијата?

  • Како била наградена неговата истрајност?

Прочитај 2. Тимотеј 2:24, 25, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што мислат твоето семејство и твоите пријатели за тоа што ја проучуваш Библијата?

  • Според стиховите што ги прочита, како треба да реагираш ако на некој не му е мило што ја проучуваш Библијата?

6. Потпирај се на Јехова

Колку повеќе се зближуваме со Јехова толку повеќе сакаме да го радуваме. Но, и покрај тоа, понекогаш не ни е лесно да правиме промени за да живееме во склад со неговите мерила. Ако тоа е случај и со тебе, не се откажувај! Јехова ќе ти помогне. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Какви промени направил Џим за да го радува Јехова?

  • Што ти остави најголем впечаток од неговиот пример?

Прочитај Евреите 11:6, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Што ќе направи Јехова за „оние што ревносно го бараат“, односно за оние што даваат сѐ од себе за да го запознаат и да живеат во склад со неговата волја?

  • Што мислиш, како се чувствува Јехова кога гледа колку труд вложуваш за да ја проучуваш Библијата?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто ја проучуваш Библијата со Јеховините сведоци?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Иако не е секогаш лесно, проучувањето на Библијата може да ти помогне да му се радуваш на животот засекогаш. Потпирај се на Јехова, и тој ќе те награди.

Како би одговорил?

  • Зошто сметаш дека библиската вистина е скапоцена за тебе?

  • Како можеш да покажеш дека проучувањето на Библијата ти е важно?

  • Зошто треба да го молиш Јехова да ти помогне да продолжиш со проучувањето на Библијата?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Разгледај четири совети што на многумина им помагаат мудро да го користат своето време.

„Дали си во трка со времето?“ (Разбудете се! од февруари 2014)

Забележи како Јехова ѝ помогнал на една жена чиј сопруг не разбирал зошто таа толку сака да му угоди на Бог.

Јехова ни помага да го носиме својот товар (5:05)

Види како на еден човек му користело тоа што жена му не се откажала од проучувањето на Библијата.

Самиот се уверив во вистината (6:30)

Јеховините сведоци понекогаш се обвинети дека ги растураат семејствата. Дали тоа е вистина?

„Дали Јеховините сведоци ги растураат семејствата или ги зајакнуваат?“ (Статија на интернет)