ЛЕКЦИЈА 20
Како е организирано христијанското собрание?
Јехова е Бог на редот (1. Коринќаните 14:33). Затоа, логично е да очекуваме и неговиот народ да биде организиран. Како е организирано христијанското собрание? Како може да придонесеме во него да владее ред и мир?
1. Кој е глава на собранието?
„Глава на собранието“ е Христос (Ефешаните 5:23). Тој од небото му го дава потребното водство на Јеховиниот народ низ целиот свет. Исус го поставил „верниот и разборит роб“ — една мала група од зрели старешини која се нарекува и Водечко тело. (Прочитај Матеј 24:45-47.) По примерот на апостолите и старешините од Ерусалим во првиот век, Водечкото тело им дава упатства на сите собранија (Дела 15:2). Но, оние што го сочинуваат Водечкото тело не се водачи на нашата организација. Тие бараат водство од Јехова и од неговата Реч и спремно ги следат упатствата на Исус.
2. Која е улогата на старешините во собранието?
Старешините се духовно зрели мажи кои ги поучуваат Јеховините слуги на темел на Библијата, им помагаат и ги храбрат. Тие не се платени за она што го прават. Наместо тоа, тие служат „доброволно; не поради нечесна добивка, туку горливо“ (1. Петрово 5:1, 2). На старешините им помагаат слуга-помошници кои со текот на времето може да ги исполнат условите да служат како старешини.
Водечкото тело именува некои старешини да служат како покраински надгледници. Тие посетуваат различни собранија за да им пружат водство и охрабрување. Исто така, тие ги именуваат за старешини и за слуга-помошници оние браќа кои ги исполнуваат библиските услови да служат на таков начин (1. Тимотеј 3:1-10, 12; Тит 1:5-9).
3. Каква улога има секој Јеховин сведок?
Сите во собранието „го фалат Јеховиното име“ така што учествуваат на собраниските состаноци и ја проповедаат добрата вест онолку колку што можат. (Прочитај Псалм 148:12, 13.)
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш каков водач е Исус, како старешините се трудат да го следат неговиот пример и како може да му бидеме послушни на Исус и да соработуваме со старешините.
4. Исус е добар и грижлив водач
Исус ни упатил еден срдечен повик. Прочитај Матеј 11:28-30, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Каков водач е Исус? Како се чувствуваат луѓето кои го следат неговото водство?
Како старешините го следат примерот на Исус? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Библијата јасно покажува како старешините треба да си ги извршуваат своите задачи.
Прочитај Исаија 32:2 и 1. Петрово 5:1-3, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Како се чувствуваш поради тоа што старешините, по примерот на Исус, се трудат да ги зајакнуваат другите?
-
На кои други начини старешините го следат примерот на Исус?
5. Старешините поучуваат со својот пример
Како сака Исус старешините да гледаат на својата улога? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Исус дал упатства како треба браќата да предводат во собранието. Прочитај Матеј 23:8-12, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Според овие зборови, какви треба да бидат старешините? Дали верските водачи постапуваат според она што стои во Библијата?
-
А. Старешините се трудат тие и нивното семејство да останат духовно силни
-
Б. Старешините се грижат за сите во собранието
-
В. Старешините редовно проповедаат
-
Г. Старешините ги поучуваат другите. Исто така, тие помагаат околу чистењето и извршуваат други задачи
6. Ние можеме да соработуваме со старешините
Библијата јасно ни кажува зошто треба да соработуваме со старешините. Прочитај Евреите 13:17, а потоа разговарајте за овие прашања:
-
Дали е разумно тоа што Библијата нѐ поттикнува да им бидеме послушни на оние што нѐ предводат? Зошто мислиш така?
Прочитај Лука 16:10, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Зошто е важно секогаш да соработуваме со старешините, дури и за навидум мали работи?
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Нема потреба да бидеш дел од некоја религија“.
-
Што мислиш, зошто е добро да бидеш дел од Божјата организација?
ШТО НАУЧИ:
Исус е глава на собранието. Ние со радост соработуваме со старешините кои служат под негово водство бидејќи нѐ зајакнуваат и нѐ поучуваат со својот пример.
Како би одговорил?
-
Кој е глава на собранието?
-
Како старешините се грижат за собранието?
-
Каква улога има секој Јеховин сведок?
ИСТРАЖУВАЈ
Погледни еден пример за тоа колку Водечкото тело и другите старешини се грижат за своите соверници.
Дознај каква задача извршуваат покраинските надгледници.
Прочитај за улогата на жените во христијанското собрание.
Дознај колкав труд вложуваат старешините за да ги храбрат своите соверници.
„Старешини — ’наши соработници за да бидеме радосни‘“ (Стражарска кула од 15 јануари 2013)