Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 25

Која е Божјата намера со луѓето?

Која е Божјата намера со луѓето?

Библијата отворено вели дека животот на луѓето е краток и полн со неволји (Јов 14:1). Дали Бог сакал да имаме ваков живот? Ако не, тогаш која е неговата намера со нас? Дали таа некогаш ќе се исполни? Библијата ни дава утешни одговори на овие прашања.

1. Каков живот сака Јехова да имаме?

Јехова сака да бидеме вистински среќни и да уживаме во животот. Кога ги создал првите луѓе, Адам и Ева, тој ги сместил во една рајска градина — градината Еден. Потоа Бог ги благословил и им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја“ (1. Мојсеева 1:28). Јехова сакал тие да имаат деца, да ја претворат целата Земја во рај и да се грижат за животните. Неговата намера била сите луѓе да имаат совршено здравје и да живеат засекогаш.

Иако животот на луѓето денес воопшто не е таков, a Божјата намера не се сменила (Исаија 46:10, 11). Тој сѐ уште сака луѓето кои му се послушни да живеат засекогаш во совршени услови. (Прочитај Откровение 21:3, 4.)

2. Како може уште денес да имаме среќен и исполнет живот?

Јехова нѐ создал со „духовни потреби“, односно со желба да го запознаеме и да го обожаваме. (Прочитај Матеј 5:3-6.) Тој сака да бидеме блиски пријатели со него, да одиме „по сите негови патишта“, да го сакаме и да му служиме „со сето свое срце“ (5. Мојсеева 10:12; Псалм 25:14). Ако го правиме тоа, ќе бидеме вистински среќни дури и кога имаме проблеми. Кога некој му служи на Јехова, неговиот живот има вистинска смисла.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како од начинот на кој Јехова ја создал Земјата се гледа колку многу тој нѐ сака. Исто така, ќе дознаеш што вели Божјата Реч за смислата на животот.

3. Јехова има прекрасна намера со луѓето

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Зошто Бог ја создал нашата прекрасна планета?

Прочитај Проповедник 3:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што ни кажуваат овие зборови за Јехова?

4. Јеховината намера не се сменила

Прочитај Псалм 37:11, 29 и Исаија 55:11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Од каде знаеме дека Јеховината намера со луѓето не се сменила?

5. Кога некој му служи на Јехова, неговиот живот има вистинска смисла

Тоа што знаеме која е смислата на животот, нѐ исполнува со радост. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Како ѝ користело на Теруми тоа што дознала која е смислата на животот?

Прочитај Проповедник 12:13, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Со оглед на тоа што Јехова направил толку многу за нас, како може да покажеме дека сме му благодарни?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Која е смислата на животот?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Јехова сака да му се радуваме на животот засекогаш во совршени услови на Земјата. Кога му служиме со сето срце, нашиот живот има вистинска смисла уште денес.

Како би одговорил?

  • Каква намера имал Јехова со Адам и Ева?

  • Од каде знаеме дека Божјата намера со луѓето не се сменила?

  • Како твојот живот може да има вистинска смисла?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Дознај кои докази потврдуваат дека градината Еден навистина постоела.

„Дали постоела рајската градина?“ (Стражарска кула од 1 јануари 2011)

Прочитај зошто може да бидеме сигурни дека Земјата ќе постои засекогаш.

„Дали Земјата ќе биде уништена?“ (Статија на интернет)

Прочитај што вели Библијата во врска со тоа како да ја најдеш смислата на животот.

„Која е смислата на животот?“ (Статија на интернет)

Дознај како еден човек, кој наизглед имал сѐ, ја пронашол смислата на животот.

Сега мојот живот има вистинска смисла (3:55)

a Во следната лекција ќе видиме зошто работите тргнале во погрешен правец.