Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 51

Како можеш да го радуваш Јехова со својот говор?

Како можеш да го радуваш Јехова со својот говор?

Нашиот Творец, Јехова, ни дал прекрасен дар — способноста да зборуваме. Дали нему му е важно како го користиме овој дар? Да, тоа му е многу важно. (Прочитај Јаков 1:26.) Како може да го користиме нашиот говор за да го радуваме Јехова?

1. Како треба да го користиме говорот?

Библијата нѐ поттикнува да се тешиме меѓусебно и да се изградуваме еден со друг (1. Солуњаните 5:11). Можеш ли да се сетиш на некој на кој му треба охрабрување? Што би можел да направиш за да се чувствува подобро? Увери го дека ти значи. Освен тоа, би можел да му кажеш кои работи ги цениш кај него. Можеш ли да се сетиш на некој библиски стих кој би го охрабрил? Во Библијата има многу такви стихови. Имај на ум дека можеш да ги охрабриш другите не само со зборовите што ќе ги избереш туку и со начинот на кој ќе ги кажеш. Затоа, труди се секогаш да зборуваш обѕирно и љубезно (Изреки 15:1).

2. Каков говор не треба да користиме?

Во Библијата пишува: „Никаков лош збор да не излегува од вашата уста“. (Прочитај Ефешаните 4:29.) Затоа, не користиме вулгарен говор и не кажуваме груби зборови со кои би можеле да повредиме некого. Освен тоа, многу е важно да не ги озборуваме и да не ги клеветиме другите. (Прочитај Изреки 16:28.)

3. Како можеме со нашиот говор позитивно да влијаеме врз другите?

Честопати, нашите зборови покажуваат што имаме во срцето, односно за што размислуваме (Лука 6:45). Затоа, треба да научиме да се концентрираме на позитивните работи — на сето она што е праведно, чисто, допадливо и пофално (Филипјаните 4:8). За да успееме во тоа, многу е важно мудро да бираме како се забавуваме и со кого се дружиме (Изреки 13:20). Исто така, многу е важно да размислиме пред да кажеме нешто. Размислувај како твоите зборови ќе влијаат врз другите. Библијата вели: „Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е лек“ (Изреки 12:18).

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш со својот говор да го радуваш Јехова и да ги охрабруваш другите.

4. Контролирај го својот јазик

Сите ние понекогаш кажуваме нешто за кое подоцна се каеме (Јаков 3:2). Прочитај Галатите 5:22, 23, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • За да можеш подобро да го контролираш својот јазик, за кои од овие особини би можел да се молиш? Како може да ти помогне тоа што ќе ги покажуваш овие особини?

Прочитај 1. Коринќаните 15:33, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како твоите пријатели и начинот на кој се забавуваш би можеле да влијаат врз твојот говор?

Прочитај Проповедник 3:1, 7, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Во кои ситуации би било мудро да премолчиме или можеби да почекаме да дојде подобар момент за да кажеме нешто?

5. Зборувај позитивно за другите

Што може да ни помогне да не ги навредуваме другите и да не зборуваме лошо за нив? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Каков проблем имаше овој брат?

  • Што направи тој за да се смени?

Прочитај Проповедник 7:16, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што треба да имаме на ум кога ни доаѓа да кажеме нешто негативно за некого?

Прочитај Проповедник 7:21, 22, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како овие стихови можат да ти помогнат да не се вознемириш премногу ако чуеш дека некој зборувал негативно за тебе?

6. Биди љубезен кога зборуваш со твоето семејство

Јехова сака да зборуваме љубезно и обѕирно со нашето семејство. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

  • Што ќе ти помогне да зборуваш љубезно и обѕирно со твоето семејство?

Прочитај Ефешаните 4:31, 32, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Каков говор ќе придонесе за пријатна атмосфера во домот?

Јехова отворено кажал какви чувства има кон својот Син, Исус. Прочитај Матеј 17:5, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како можеш да се угледаш на Јехова кога зборуваш со твоето семејство?

Барај прилики да ги пофалуваш другите

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Јас сум искрен — си го кажувам она што го мислам. Ако на некој тоа не му се допаѓа, тоа е негов проблем“.

  • Според тебе, дали овој став е во ред? Зошто мислиш така?

ШТО НАУЧИ:

Зборовите имаат голема моќ. Затоа треба многу да внимаваме што ќе кажеме, но и кога и како ќе го кажеме тоа.

Како би одговорил?

  • Како би можеле да го користиме нашиот говор за да влијаеме добро врз другите?

  • Каков говор не би сакал да користиш?

  • Што може да ни помогне секогаш да бидеме обѕирни и да влијаеме позитивно врз другите со своите зборови?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Што може да ни помогне да ги охрабруваме другите со нашиот говор?

„Јазикот на мудрите е лек“ (8:04)

Дознај што може да ти помогне да не користиш непристојни зборови.

„Дали пцуењето е толку лошо?“ (Статија на интернет)

Дознај што може да ти помогне да не паднеш во замката да ги оговараш другите.

Како да го прекинам оговарањето? (2:36)

Прочитај како Јехова му помогнал на еден човек да престане да пцуе.

„Почнав да размислувам што правам со својот живот“ (Стражарска кула од 1 август 2013)