Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 48

Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму

Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму

БОГ ги ставил Адам и Ева во градината Еден. Иако тие станале непослушни и умреле, Бог ќе направи нивните деца, вклучувајќи нѐ и нас денес, да можат да живеат засекогаш во Рај. Библијата ветува: „Праведните ќе ја наследат земјата и ќе живеат довека на неа“ (Псалм 37:29).

Библијата зборува за „нови небеса“ и „нова земја“ (Исаија 65:17; 2. Петрово 3:13). Сегашните „небеса“ се денешните човечки влади, а „новите небеса“ ќе ги сочинуваат Исус Христос и оние што владеат со него на небото. Колку само ќе биде прекрасно кога овие нови небеса — Божјата праведна влада на мирот — ќе владеат над целата земја!

Тогаш, што е ‚новата земја‘?— Новата земја ќе бидат добрите луѓе што го сакаат Јехова. Кога Библијата зборува за „земјата“, се мисли на луѓето што живеат на земјата, а не на самото земјиште (Битие 11:1; Псалм 66:4; 96:1). Значи, луѓето што ја сочинуваат новата земја ќе живеат токму овде, на планетата Земја.

Сегашниот свет од злобни луѓе тогаш ќе го нема. Сети се, во Потопот од времето на Ное бил уништен цел еден злобен свет. И, како што учевме, овој сегашен злобен свет ќе биде уништен во Армагедон. Ајде сега да видиме како ќе изгледа животот во Божјиот нов свет по Армагедон.

Дали сакаш да живееш засекогаш во Рај во Божјиот мирољубив нов свет?— Ниеден доктор не може да направи да живееме засекогаш. Нема апче што може да нѐ спречи да умреме. Единствен начин да живееме засекогаш е да му се приближиме на Бог. Големиот Учител ни кажува како да го направиме тоа.

Ајде да ја земеме Библијата и да отвориме во Јован, 17. поглавје, 3. стих. Овде се наоѓаат следниве зборови на Големиот Учител: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“.

Значи, што рекол Исус, што треба да правиме за да живееме засекогаш?— Најпрвин, мораме да примаме спознание за нашиот небесен Татко, Јехова, а и за неговиот Син, кој си го дал животот за нас. Ова значи дека треба да ја проучуваме Библијата. Оваа книга, Учи од Големиот Учител, ни помага да го правиме тоа.

Но, како тоа што учиме за Јехова ќе ни помогне да живееме засекогаш?— Па, исто како што секој ден ни треба храна така секој ден треба да учиме и за Јехова. Библијата вели: ‚Човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од Јеховината уста‘ (Матеј 4:4).

Исто така, треба да примаме и спознание за Исус Христос затоа што Бог го испратил својот Син да го отстрани нашиот грев. Библијата вели: „Во никој друг нема спасение“. А Библијата го вели и ова: „Кој практикува вера во Синот, има вечен живот“ (Дела 4:12; Јован 3:36). Но, што значи да ‚практикуваме вера‘ во Исус?— Тоа значи дека навистина веруваме во Исус и знаеме дека без него не можеме да живееме засекогаш. Дали ние веруваме во тоа?— Ако веруваме, тогаш ќе продолжиме да учиме од Големиот Учител секој ден, и ќе го правиме она што го вели тој.

Еден убав начин да учиме од Големиот Учител е да ја читаме оваа книга одново и одново, да ги гледаме сите слики и да размислуваме за нив. Пробај да одговориш на прашањата што се наоѓаат кај овие слики. Исто така, читај ја книгата со тато или со мама. Ако не си со родителите, читај ја со други возрасни или со други деца. Зар не би било прекрасно да можеш да им помогнеш на други да учат од Големиот Учител за тоа што треба да прават за да живеат засекогаш во Божјиот нов свет?—

Библијата ни вели: „Светот поминува“. Но, потоа Библијата објаснува како можеме да живееме засекогаш во Божјиот нов свет. Таа вели: „Оној кој ја врши Божјата волја останува засекогаш“ (1. Јованово 2:17). Значи, како можеме да живееме засекогаш во Божјиот нов свет?— Да, ако примаме спознание за Јехова и за неговиот драг Син, Исус. Но, исто така, мораме и да го правиме она што го учиме. Нека твоето проучување на оваа книга ти помогне во сето ова.