ПОГЛАВЈЕ 35
Можеме да се разбудиме од смртта!
АКО умреме, дали Бог ќе сака да нѐ воскресне, односно да нѐ врати во живот?— Добриот човек Јов верувал дека Бог сака да го стори тоа. Затоа, кога Јов мислел дека е на умирање, му рекол на Бог: „Ти ќе повикаш, а јас ќе ти одговорам“. Јов рекол дека Јехова Бог ќе копнее, односно многу ќе сака да го воскресне (Јов 14:14, 15, NW).
Исус е како Јехова Бог, неговиот Татко. Исус сака да ни помогне. Кога еден човек што бил болен од лепра му рекол: „Само ако сакаш, можеш да ме исчистиш“, Исус му одговорил: „Сакам“. И, го излекувал човекот од лепрата (Марко 1:40-42).
Исус научил од својот Татко да ги сака децата. Уште многу одамна, во две прилики, Јехова употребил свои слуги за да воскресне мали деца. Илија го молел Јехова да го воскресне синот на една жена што била љубезна со него. И Јехова го направил тоа. Јехова исто така го употребил и својот слуга Елисеј да 1. Цареви 17:17-24; 2. Цареви 4:32-37).
воскресне едно момченце (Зарем не е прекрасно тоа што знаеме дека Јехова толку многу нѐ сака?— Тој не мисли на нас само кога сме живи. Тој нема да нѐ заборави дури и да умреме. Исус рекол дека оние мртви што ги сака за Таткото се како живи! (Лука 20:38). Библијата вели дека ‚ниту смртта, ниту животот, ниту она што е сега, ниту она што ќе дојде не ќе може да нѐ одвои од Божјата љубов‘ (Римјаните 8:38, 39).
Кога бил на земјата, Исус покажал дека Јехова се грижи за малите деца. Сигурно се сеќаваш дека Исус одвојувал време за да разговара со децата за Бог. Но, дали си знаел дека Бог му дал на Исус моќ да врати некои млади во живот?— Да позборуваме за тоа кога Исус ја воскреснал 12-годишната ќерка на еден човек што се викал Јаир.
Јаир живее со својата жена и со нивното единствено дете близу до Галилејското Море. Еден ден девојчето многу се разболува, и Јаир сфаќа дека тоа ќе умре. Почнува да мисли на Исус, оној прекрасен човек за кого чул дека може да ги лекува луѓето. Затоа Јаир оди да го побара. Го наоѓа Исус на брегот на Галилејското Море, како поучува многу луѓе.
Јаир се пробива низ мноштвото и паѓа на колена пред Исус. Му вели: ‚Мојата ќеркичка е многу болна. Те молам, ќе дојдеш ли да ѝ помогнеш? Те преколнувам да дојдеш‘. Исус веднаш тргнува со Јаир. Мноштвото што дошло кај Големиот Учител исто така тргнува по нив. Но, откако пооделе малку, доаѓаат луѓе од куќата на Јаир и му велат: „Ќерка ти умре! Зошто уште да му додеваш на учителот?“
Исус наслушнува како тие луѓе го велат ова. Тој знае колку е тажен Јаир што го загубил своето единствено дете. Затоа му вели: ‚Не плаши се. Само имај вера во Бог, и ќерка ти ќе
биде добро‘. Продолжуваат да одат и доаѓаат до куќата на Јаир. Таму пријателите на семејството плачат. Тажни се затоа што нивната мала пријателка умрела. Но, Исус им вели: ‚Престанете да плачете. Детето не умрело, туку спие‘.Кога Исус го кажува ова, луѓето почнуваат да му се смеат, зашто знаат дека девојчето умрело. Тогаш, што мислиш, зошто Исус вели дека тоа спие?— Каква поука мислиш дека сака да им даде на луѓето?— Тој сака да знаат дека смртта може да биде како длабоко спиење. Сака да ги поучи дека со помош на сила од Бог може да врати мртов човек во живот исто толку лесно како што можеме да разбудиме некого од спиење.
Исус бара сите да излезат од куќата освен апостолите Петар, Јаков и Јован, како и мајката и таткото на девојчето. Потоа влегува кај детето. Го фаќа за раката и му вели: ‚Девојче, стани!‘ И тоа веднаш станува и почнува да оди! Татко му и мајка му се исполнети со неопислива радост (Марко 5:21-24, 35-43; Лука 8:40-42, 49-56).
Сега, размисли за ова. Бидејќи Исус можел да го врати тоа девојче во живот, може ли да го направи истото и за некој Јован 5:28, 29).
друг?— Дали мислиш дека навистина ќе го направи тоа?— Да. Самиот Исус рекол: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во спомен-гробовите ќе го чујат [мојот] глас и ќе излезат“ (Што мислиш, дали Исус сака да воскреснува луѓе?
Една жена чекори во погребната поворка на нејзиниот син додека мноштвото излегува од Наин. Пред некое време умрел нејзиниот маж, а сега е мртво и нејзиното единствено дете. Колку само е тажна! Со неа одат и многу луѓе од Наин додека го изнесуваат телото на нејзиниот син од градот. Жената плаче, а луѓето не можат да направат ништо за да ја утешат.
Се погодило истиот тој ден Исус и неговите ученици да доаѓаат кон градот Наин. Блиску до градската порта го среќаваат мноштвото кое оди да го погребе синот на таа жена. Кога ја здогледува жената што плаче, Исус е трогнат од сожалување кон неа. Нејзината голема тага го погаѓа во срцето. Сака да ѝ помогне.
Затоа, нежно, а сепак со цврстина што ја тера да слуша, тој вели: „Престани да плачеш“. Она што тој го прави и начинот на кој го прави предизвикуваат сите да гледаат во него со интерес. Додека Исус пристапува кон телото, сигурно сите се прашуваат што ќе направи. Исус му заповеда: „Млад човеку, тебе ти велам: Стани!“ И тој веднаш се подига и седнува! И почнува да зборува (Лука 7:11-17).
Замисли си како се чувствувала жената! Како би се чувствувал ти ако повторно се врати некој што го сакаш, а сега 2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4).
е умрен?— Зарем ова не покажува дека Исус навистина ги сака луѓето и сака да им помогне?— Помисли само колку ќе биде прекрасно во Божјиот нов свет кога луѓето ќе ги пречекуваме во живот! (Во тоа време некои од тие воскреснати ќе бидат луѓе што сме ги знаеле од порано, а меѓу нив ќе има и деца. Ќе знаеме кои се тие исто како што Јаир ја знаел својата ќерка кога Исус ја воскреснал. Други ќе бидат луѓе што умреле пред стотици или илјади години. Но, Бог нема да ги заборави само зашто живееле пред многу долго време.
Зарем не е прекрасно да се знае дека Јехова Бог и неговиот Син Исус толку многу нѐ сакаат?— Тие сакаат да живееме не само неколку години, туку засекогаш!
Во врска со библиската прекрасна надеж за умрените, те молам прочитај Исаија 25:8; Дела 24:15 и 1. Коринќаните 15:20-22.