Моите нови пријатели
Преземи:
1. Библијата ја читам јас
и веднаш си замислувам
како во тие стари времиња
од негде ѕирнувам.
Па, одам близу луѓето,
да слушнам што зборуваат.
И тогаш сфаќам колку сличен сум
со секој од нив јас.
(РЕФРЕН)
Штом читам, ко да патувам,
и ново дознавам
за луѓето за коишто
по малку нешто знам.
И едвај чекам наскоро
да бидат пак со нас.
Да пријдам близу до нив
и да речам: „Јас те знам!“
2. Да бидат послушни во сѐ
им било тешко некогаш.
Но, како мене, Бог го молеле
за помош секогаш.
(РЕФРЕН)
Штом читам, ко да патувам,
и ново дознавам
за луѓето за коишто
по малку нешто знам.
И едвај чекам наскоро
да бидат пак со нас.
Да пријдам близу до нив
и да речам: „Јас те знам!“