Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 88

Децата се наследство од Бог

Децата се наследство од Бог

(Псалм 127:3-5)

1. Кога маж ќе стане татко,

една жена пород штом има свој,

нов живот донеле на светот,

но не е само од нив тој.

Јехова, изворот на живот,

е тој што дава таков убав дар.

И родителите ги води,

да бидат мудри им помага.

(РЕФРЕН)

Нов живот, свет и многу вреден,

во ваши раце сега е.

Ќе биде среќно тоа дете

штом Бог го сака од срце.

2. Нека врежани се во вас

заповедите од Божјата Реч.

Бог рекол: ‚Дење, ноќе за нив

со својте деца зборете‘.

Да, ваква улога ве чека

што само вам Јехова ви ја дал,

за во годините што идат

по патот прав да зачекорат.

(РЕФРЕН)

Нов живот, свет и многу вреден,

во ваши раце сега е.

Ќе биде среќно тоа дете

штом Бог го сака од срце.