Песна 62
На кој бог припаѓаш?
1. На кој бог припаѓаш?
И кому си послушен?
Штом некому се поклонуваш,
твој бог е и твој господар.
Два бога не можеш
да сакаш од сѐ срце.
Служејќи на двајца, поделен си,
кон нив неправедно е.
2. На кој бог припаѓаш?
И кому ќе служиш ти?
Знај, еден е лажен, еден прав,
одлуката ја носиш сам.
Дал’ уште верен си
на светските цареви?
Ил’ послушен си на правиот Бог
служејќи лојално ти?
3. На кој бог припаѓам?
Јехова е мојот Бог.
Небесниот Татко за мене
во животот е најважен.
Ме купи скапо тој
со крвта на својот Син.
За негова слава постојам јас,
ќе служам сѐ дур’ сум жив.
(Види и Ис. Нав. 24:15; Пс. 116:14, 18; 2. Тим. 2:19.)