Песна 57
Размислувањето на моето срце
1. Би сакал, Боже, секој ден,
што чувствувам и мислам јас
за тебе да е пријатно,
на патот твој да останам.
Во срце штом сум грижи полн
и ноќе не ме фаќа сон,
за тебе да размислувам,
за она што е исправно.
2. За она што е пофално,
вистинито и доблесно,
ќе мислам јас постојано
за да ми даде спокојство.
А сите твои зборови
за мене се скапоцени.
Да бидам посветен на нив,
о Боже мој, помагај ми.
(Види и Пс. 49:3; 63:6; 139:17, 23; Фил. 4:7, 8; 1. Тим. 4:15.)