Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 130

Спремно да простуваме

Спремно да простуваме

(Псалм 86:5)

  1. 1. Љубезно Јехова

    да ни прости одлучил.

    За да нема смрт и болка,

    својот Син го испратил.

    А за секој што се кае

    и што жали искрено,

    Исус принел скапа жртва

    да му биде простено.

  2. 2. Бог ќе има кон нас

    таква милост голема

    ако искрено и спремно

    секој од нас простува.

    Ако сочувство сме полни,

    не ќе замеруваме.

    Ако љубовта нѐ води,

    ќе се почитуваме.

  3. 3. Милоста е доблест,

    наша силна заштита

    од лутината и гневот

    и од горка омраза.

    Пример најголем Јехова

    нам ни дал со љубовта.

    Тој што има таква љубов,

    како него простува.