Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Yan Zabolotnyi/stock.adobe.com

БИДЕТЕ БУДНИ!

Беззаконието во пораст — што вели Библијата?

Беззаконието во пораст — што вели Библијата?

 Насилничките банди беснеат во Хаити. Криминалот и насилството се секојдневие во Јужноафриканската Република, како и во Мексико и други земји во Латинска Америка. Дури и онаму каде што е намалена стапката на насилство, луѓето живеат во страв и несигурност затоа што сѐ почесто има кражби, вандализам и подметнати пожари.

 Што вели Библијата за беззаконието кое преовладува во светот?

Што е проречено во Библијата во врска со беззаконието

 Во Библијата е проречено дека беззаконието ќе биде дел од знакот за „свршетокот на овој поредок“ (Матеј 24:3). Кога кажал што сѐ ќе спаѓа во тој знак, Исус Христос рекол:

  •  Беззаконието ќе се зголеми, па кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12).

 Во Библијата е проречено и дека „во последните денови“ луѓето ќе бидат „без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата“ (2. Тимотеј 3:1-5). Ваквата себичност е една од причините за беззаконието што го гледаме денес.

 Но, има причини за надеж. Библијата ветува дека наскоро беззаконието ќе биде само минато.

  •   „Уште малку, и злиот ќе го снема. Ќе го побараш на местото негово, а него ќе го нема. А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

 Дознај нешто повеќе за надежта што ни ја дава Библијата и зошто можеш да бидеш уверен дека настаните што ги гледаме денес се исполнување на библиските пророштва. Разгледај ги следниве статии:

 Патот до среќата — надеж

 Од каде знаеме дека живееме во ’последните денови‘?