Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

id-work/​DigitalVision Vectors via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Зошто постои толку многу омраза? Што вели Библијата?

Зошто постои толку многу омраза? Што вели Библијата?

 На вестите постојано се зборува за говор на омраза, насилство поради предрасуди, етнички судири и војни.

  •   „Денес, повеќе од кога и да е порано, социјалните мрежи се полни со говор на омраза поради конфликтот помеѓу Израел и Газа, како и поради екстремистите кои поттикнуваат на насилство и омраза“ (The New York Times, 15 ноември 2023).

  •   „Од 7 октомври, светот доживеа драстично и загрижувачко зголемување на омразата, говорот на омраза и насилството поради предрасуди“ (Денис Франсис, претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, 3 ноември 2023).

 Говорот на омраза, насилството и војните не се ништо ново. Всушност, Библијата вели дека и во минатото имало луѓе кои „[нишанеле] со своите стрели — со зборови остри“ и кои поттикнувале на војни и насилство (Псалм 64:3; 120:7; 140:1). Но, Библијата објаснува дека омразата што денес ја гледаме има посебно значење.

Омраза — обележје на времето во кое живееме

 Библијата наведува две причини зошто омразата е толку раширена денес.

  1.  1. Таа прорекла дека ќе дојде време кога „кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12). Наместо да покажуваат љубов, луѓето ќе имаат особини поради кои ќе се мразат едни со други (2. Тимотеј 3:1-5).

  2.  2. Степенот на омраза денес е одраз на лошото влијание на една злобна личност — Сатана Ѓаволот. Библијата вели дека „целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19; Откровение 12:9, 12).

 Но, Библијата ни кажува и дека Бог наскоро ќе ги отстрани главните причини за омразата. Исто така, тој ќе ја поправи сета штета предизвикана од омраза. Библијата ветува:

  •   Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:4).