Победи ја осаменоста така што ќе им помагаш на другите — што вели Библијата?
Луѓе од целиот свет се чувствуваат осамени и отуѓени од другите. Некои здравствени стручњаци сметаат дека едно нешто што може да му помогне на едно лице да не се чувствува толку осамено е тоа што ќе им помага на другите.
„Тоа што ќе им помагаме на оние што имаат потреба од помош може да ни помогне да не се чувствуваме толку осамено и отуѓено од другите“ (Американски државен институт за здравство).
Во Библијата има практични совети за тоа како може да им помагаме на другите. Тоа што ќе го применуваме она што е запишано во неа може да ни помогне да се бориме со чувствата на осаменост.
Што можеш да направиш
Биди дарежлив. Барај прилики да поминуваш време со другите, особено во живо. Биди спремен да го делиш со нив она што го имаш. Ако го правиш ова, тие веројатно ќе ти бидат благодарни, а тоа може да придонесе да станете пријатели.
Библиско начело: „Давајте, и ќе ви се даде“ (Лука 6:38).
Користи ја силата за да им помагаш на другите. Барај начини да им помагаш на луѓе кои минуваат низ тежок период. Тоа би можело да вклучи внимателно да ги слушаш или да им понудиш практична помош со која би им го олеснил товарот.
Библиско начело: „Пријателот е тука за да помогне, во секоја ситуација“ (Изреки 17:17, Contemporary English Version).
Нешто повеќе за тоа како можеш да задржиш добри односи со другите може да прочиташ во статијата „Односи со семејството и пријателите“.