Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Sean Gladwell/Moment via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Глобалните трошоци за воени цели надминаа два билиони долари — што вели Библијата?

Глобалните трошоци за воени цели надминаа два билиони долари — што вели Библијата?

 Во 2022 год., глобалните трошоци за воени цели достигнаа рекордни 2,24 билиони американски долари. Тоа главно се должи на руската инвазија на Украина. Според еден извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ), објавен во април 2023 год., во текот на 2022 год.:

  •   Европските трошоци за воени цели „се зголемија за 13 отсто во текот на годината, што претставува најголем годишен пораст по завршувањето на студената војна“.

  •   „Русија... според проценките, ги зголеми воените трошоци за 9,2 отсто, со што од петтото се искачи на третото место во светот според средствата вложени за вооружување.“

  •   „Со 39 отсто од вкупните глобални трошоци за вооружување“, САД и понатаму го држат првото место.

 „Постојаниот раст на глобалните воени трошоци во последниве години е знак дека живееме во сѐ понебезбеден свет“, рече д-р Нан Тијан, еден од авторите на извештајот на СИПРИ.

 Во Библијата е проречено дека во нашево време ќе има сѐ поголеми тензии меѓу светските суперсили, а од неа дознаваме и кое е единственото решение за светски мир.

Проречено е дека ќе има сѐ повеќе воени судири

  •   Времето во кое живееме, Библијата го нарекува „време на крајот“ (Даниел 8:19).

  •   Во книгата Даниел е проречено дека во времето на крајот ќе има ривалство меѓу светските сили. Тие ќе се препираат, односно ќе се борат за превласт. Во таа трка за светска доминација ќе трошат огромни „богатства“, т.е. финансиски средства (Даниел 11:40, 42, 43).

 За да дознаеш нешто повеќе во врска со ова интересно библиско пророштво, гледај го видеоклипот Исполнети пророштва — Даниел поглавје 11.

Како ќе се постигне вистински мир

  •   Библијата кажува дека Бог ќе ги замени човечките влади. Тој „ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).

  •   Наскоро, Јехова a Бог ќе го направи она што луѓето не се способни да го направат — ќе воспостави вистински и траен мир. Како? Преку Божјето Царство, вистинска небесна влада која ќе им стави крај на оружјето и на насилството (Псалм 46:8, 9).

 За да дознаеш нешто повеќе за тоа што ќе направи Божјето Царство, прочитај ја статијата „Под власта на Божјето Царство ’ќе има голем мир‘“.

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).