Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Лево: Ураганот Ијан, Флорида (САД), септември 2022 (Sean Rayford/Getty Images); во средина: Мајка и нејзиниот син се евакуирани, Доњецк (Украина), јули 2022 (Alex Chan Tsz Yuk/SOPA Images/LightRocket via Getty Images); десно: Масовно тестирање за КОВИД, Пекинг (Кина), април 2022 (Kevin Frayer/Getty Images)

БИДЕТЕ БУДНИ!

2022: Година исполнета со неволји и маки — што вели Библијата?

2022: Година исполнета со неволји и маки — што вели Библијата?

 Во текот на 2022 год., војните, економските проблеми и еколошките катастрофи беа главна тема на вестите. Но, само Библијата ни ја открива вистинската причина за овие настани.

Вистинската причина за настаните во 2022

 Настаните што се случија изминатава година уште повеќе потврдуваат дека живееме во период кој Библијата го нарекува „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1). Овој период започнал во 1914 год. Забележи како неодамнешните настани се совпаѓаат со она што Библијата го прорекла за нашево време:

 „Војни“ (Матеј 24:6)

  •    „2022: Година во која ужасот на војната се врати во Европа.“ a

 Прочитај ја статијата „Русија ја напаѓа Украина“.

 „Глад“ (Матеј 24:7)

  •    „2022: Година на невиден глад.“ b

 „Смртоносни зарази“ (Лука 21:11)

  •    „Детската парализа повторно се појави, мајмунските сипаници станаа огромен проблем и КОВИД-19 продолжува да предизвикува значителна штета. Ова јасно покажува колку се опасни заразните болести и колку се ранливи луѓето.“ c

 „Стравотии“ (Лука 21:11)

  •    „Топлотни бранови, суши, големи пожари и поплави. Без сомнение, летото 2022 год. ќе биде запаметено по безбројните екстремни климатски настани кои предизвикаа уништување, однесоа илјадници човечки животи и им ги одзедоа домовите на милиони лица.“ d

 „Немири“ (Лука 21:9)

  •    „Тоа што луѓето се сѐ погневни поради економските проблеми, особено поради сѐ повисоката инфлација, во 2022 год. доведе до нов највисок број протести против владите досега.“ e

Што ќе донесе следната година?

 Никој од нас не може со сигурност да каже што ќе се случи во 2023 год. Но едно знаеме, наскоро, Божјето Царство, односно Божјата небесна влада, ќе донесе големи промени на Земјата (Даниел 2:44). Таа влада ќе ги отстрани причините за човечкото страдање и ќе се погрижи Божјата волја да се врши по целата Земја (Матеј 6:9, 10).

 Те поттикнуваме да го послушаш советот на Исус Христос: „Бдејте!“, така што ќе обрнеш внимание како со светските настани се исполнуваат библиски пророштва (Марко 13:37). Би можел да стапиш во контакт со нас за да дознаеш нешто повеќе за тоа како може Библијата да ти помогне уште денес и како може да ви даде тебе и на твоето семејство вистинска надеж за подобра иднина.

a Извор: AP News, „2022 Was Year the Horror of War Returned to Europe,“ by Jill Lawless, 8 декември 2022.

b Извор: World Food Programme, „A Global Food Crises“.

c Извор: JAMA Health Forum, „Living in an Age of Pandemics—From COVID-19 to Monkeypox, Polio, and Disease X,“ by Lawrence O. Gostin, JD, 22 септември 2022.

d Извор: Earth.Org, „What’s Behind the Record-Breaking Extreme Weather Events of Summer 2022?“ by Martina Igini, 24 октомври 2022.

e Извор: Carnegie Endowment for International Peace, „Economic Anger Dominated Global Protests in 2022,“ by Thomas Carothers and Benjamin Feldman, 8 декември 2022.