Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Anna Moneymaker/Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Научници го поместија часовникот на судниот ден напред — што вели Библијата?

Научници го поместија часовникот на судниот ден напред — што вели Библијата?

 На 24 јануари 2023 год., научници го поместија часовникот на судниот ден a поблиску до полноќ, што симболично го претставува крајот на светот.

  •   „’Часовникот на судниот ден‘, кој ја претставува пропаста на човештвото, беше поместен во вторник и сега е поблиску до полноќ повеќе од кога и да било порано поради војната во Украина, опасноста од нуклеарна војна и последиците од климатските промени“ (AFP International Text Wire).

  •   „Во вторник, научници известија дека го поместиле часовникот на 90 секунди пред полноќ — што покажува дека човештвото никогаш не било поблиску до Армагедон“ (ABC News).

  •   „Група научници од повеќе земји предупредија дека опстанокот на човештвото никогаш порано не бил во поголема опасност“ (The Guardian).

 Дали се приближува крајот на човештвото и на нашата планета? Дали треба да се плашиме од она што ни го носи иднината? Што вели Библијата?

Што ни носи иднината

 Во Библијата пишува дека „земјата останува засекогаш“ и дека ќе има луѓе кои „ќе живеат на неа засекогаш“ (Проповедник 1:4; Псалм 37:29). Значи, луѓето нема да ја уништат Земјата, ниту пак да ја направат нашата планета непогодна за живот.

 Сепак, во Библијата се спомнува крај. На пример, во неа пишува „светот поминува“ (1. Јованово 2:17).

  •   За да дознаеш што значи крајот на светот што е спомнат во Библијата, прочитај ја статијата „Што е крајот?

  •   За да дознаеш што вели Библијата во врска со тоа кога ќе се случат некои настани во светот што ни претстојат, прочитај ја статијата „Кога ќе дојде крајот на светот?

Како да останеме позитивни

 И покрај моменталните проблеми во светот, Библијата може да ни помогне да останеме позитивни. Како?

 За да извлечеш најголема корист од Библијата, срдечно те покануваме да го пробаш бесплатниот библиски курс со некој Јеховин сведок уште денес.

a „Часовникот на судниот ден е симболичен часовник кој покажува колку сме близу до уништување на човештвото со некои од опасните човечки изуми. Тоа е метафора, потсетник за заканите за кои мора да преземеме нешто доколку сакаме да опстанеме на нашата планета“ (Bulletin of the Atomic Scientists).