Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Пукања во училиштата — Што вели Библијата?

Пукања во училиштата — Што вели Библијата?

 На 24 мај 2022 год., неопислива трагедија го зави во тага малото гратче Увалде во Тексас (САД). Според весникот The New York Times, „еден вооружен тинејџер уби 19 деца и две наставнички... во Основното училиште Роб“.

 За жал, ваквите ужасни настани станаа секојдневие. Весникот USA Today извести дека само во САД, „минатата година имало 249 случаи на пукање во училиште, што е повеќе отколку во која и да било година од 1970 наваму“.

 Зошто се случуваат вакви свирепи работи? Како да се справиме со ваквите злосторства? Има ли некаква надеж дека ќе му дојде крај на насилството? Библијата го дава одговорот.

Зошто во светот има сѐ повеќе насилство?

  •    Во Библијата, времето во кое живееме е наречено „последните денови“. Исто така, во неа е кажано дека многу луѓе ќе бидат „бесчувствителни кон другите“ и „сурови“, односно дека ќе бидат свирепи и ќе прават разни ѕверства. Таквите луѓе „ќе напредуваат од лошо на полошо“ (2. Тимотеј 3:1-5, 13). За да дознаеш нешто повеќе, прочитај ја статијата „Дали навистина живееме во ’последните денови‘?

 Многу луѓе се прашуваат: „Зошто Бог не ги спречи ваквите ужасни трагедии како што се пукањата во училиштата?“ За да дознаеш што вели Библијата во врска со ова, прочитај ја статијата „На добри луѓе им се случуваат лоши работи — зошто?

Како да се справиме со ваквите злосторства?

  •    „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за... преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

 Библиските начела може да ти помогнат да најдеш начин да опстанеш во овој насилен свет. Нешто повеќе во врска со тоа можеш да прочиташ во списанието Разбудете се! со наслов „Ќе престане ли некогаш насилството?

 Родителите можат да најдат предлози за тоа како да им помогнат на своите деца да не се вознемируваат премногу од страшните вести што ги гледаат и слушаат, во статијата „Вознемирувачките вести и децата“.

Ќе му дојде ли некогаш крај на насилството?

  •    „Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (Псалм 72:14).

  •    „Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови. Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да се учат да војуваат“ (Михеј 4:3).

 Бог ќе го направи она што луѓето не се способни да го направат. Неговото небесно Царство ќе го уништи сето оружје и ќе му стави крај на насилството. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за тоа што сѐ ќе направи Божјето Царство, прочитај ја статијата „Под власта на Божјето Царство ’ќе има голем мир‘“.