Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

БИДЕТЕ БУДНИ!

Рекордно високи температури во светот — Што вели Библијата?

Рекордно високи температури во светот — Што вели Библијата?

 Во јули 2022 год. во целиот свет беа измерени рекордно високи температури:

  •   „Во речиси 70 градови во Кина е прогласен највисок аларм поради високите температури кои се последица од вториот топлотен бран што ја зафати земјата овој месец“ (CNN Wire Service, 25 јули 2022).

  •   „Шумски пожари беснеат низ Европа како последица од сѐ повисоките температури“ (The Guardian, 17 јули 2022).

  •   „Поради топлотниот бран што го зафати Источниот Брег, како и делови од Југот и Средниот Запад во САД, во неделата, во многу градови беа измерени рекордно високи температури“ (The New York Times, 24 јули 2022).

 Што значи сето ова? Дали Земјата ќе стане непогодна за живеење? Што вели Библијата?

Дали топлотните бранови се исполнување на библиските пророштва?

 Да. Топлотните бранови што го погодуваат целиот свет одговараат на описот што Библијата го дава за нашето време. На пример, Исус прорекол дека ќе има „стравотии“, односно застрашувачки настани (Лука 21:11). Поради сѐ повисоките температури, мнозина се плашат дека луѓето ќе ја уништат Земјата.

Дали Земјата ќе стане непогодна за живеење?

 Не. Бог ја создал Земјата за да им биде трајно живеалиште на луѓето (Псалм 115:16; Проповедник 1:4). Тој нема да им дозволи на луѓето да ја уништат, туку, како што ветил, ќе „бидат уништени оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18).

 Да разгледаме само две пророштва што покажуваат што друго ветил Бог:

  •   „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1). Бог нема да дозволи Земјата да стане гола пустина. Тој ќе ги обнови сите предели што сега се соголени.

  •   „Милостиво ја гледаш земјата и ѝ даваш изобилство, многу ја збогатуваш“ (Псалм 65:9). Бог ќе ја претвори Земјата во рај.

 За тоа зошто можеме да бидеме сигурни дека Земјата нема да биде уништена и како Бог ќе ја обнови, прочитај ја статијата „Дали човекот ќе ја уништи Земјата?