Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што се случи со почитта кон семејството?

Што се случи со почитта кон семејството?

ЗОШТО Е ВАЖНА ПОЧИТТА КОН СЕМЕЈСТВОТО

Почитта кон членовите на семејството создава стабилна средина во која сопрузите, сопругите и децата се чувствуваат сигурно.

  • Во една книга со совети за успешен брак е наведено дека кога сопружниците имаат заемна почит, тие си покажуваат наклоност еден кон друг „не само во големи работи туку и во мали работи од ден на ден“ (The Seven Principles for Making Marriage Work).

  • Истражувањата покажуваат дека децата кои ќе научат да ги почитуваат другите имаат поголема самодоверба, подобри односи со своите родители и помалку страдаат од психолошки проблеми.

ШТО МОЖЕШ ДА ПРАВИШ

Направи план заедно со твоето семејство. Прво, обидете се да имате јасна слика за тоа што е „почит“. Второ, запишете какво однесување се очекува од секој во семејството, а какво однесување да се избегнува. Трето, разговарајте за планот како семејство за да можете и вие и вашите деца да имате заеднички темел на кој ќе градите.

„Плановите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“ (Изреки 21:5, фуснота).

Биди добар пример. Размисли за твоето однесување. Дали ги критикуваш членовите на семејството за нивните грешки, го исмејуваш нивното мислење или ги игнорираш кога зборуваат со тебе или ги прекинуваш?

Предлог: Труди се да гледаш на почитта како на нешто што им го должиш на твојот сопружник и децата, а не нешто што тие треба да го заслужат.

„Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Римјаните 12:10).

Покажувај почит дури и кога имаш поинакво мислење. Кога разговараш со некој член на твоето семејство, немој да користиш изрази како што се „ти секогаш“ или „ти никогаш“. Таквите остри забелешки го напаѓаат неговиот карактер и можат да претворат едно мало несогласување во голема расправија.

„Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“ (Изреки 15:1).

ШТО ПРАВИМЕ НИЕ

Јеховините сведоци ги поттикнуваат членовите на семејството да се однесуваат еден кон друг со почит. На таа тема имаме издадено многу статии, книги, брошури и видеоклипови, кои се достапни бесплатно.

ЗА БРАЧНИ ПАРОВИ: Рубриката Совети за семејствата може да им помогне на сопрузите и сопругите...

  • да бидат добри слушачи

  • да не се казнуваат со молчење

  • да престанат со кавгите

(Пребарај „Совети за семејствата“ на jw.org)

ЗА РОДИТЕЛИ: Рубриката Совети за семејствата може да им помогне на родителите да ги поучат своите деца...

  • да бидат послушни

  • да помагаат со домашните обврски

  • да кажуваат „те молам“ и „благодарам“

(Пребарај „Воспитување деца“ и „Воспитување тинејџери“ на jw.org)

Види го и додатокот „Родителите прашуваат“ во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1. (Пребарај „Родителите прашуваат“ на jw.org)

ЗА МЛАДИ: На jw.org во делот Млади има статии, видеоклипови и работни листови кои можат да им помогнат на младите...

  • да се сложуваат со родителите и со другите во семејството

  • да зборуваат со почит со родителите за правилата

  • да ја стекнат довербата на родителите

(Пребарај „Млади“ на jw.org)

Користењето на интернет-страницата jw.org е бесплатно. Нема никакви трошоци, не е потребна претплата или членство и не се бараат лични податоци.