Што не можат да ни откријат научниците
Се чини дека научниците го истражиле речиси секој дел од целиот познат универзум. Сепак, има уште многу важни прашања на кои тие не можат да дадат одговор.
Дали науката го открила потеклото на универзумот и на животот? Едноставно речено, не. Некои велат дека една гранка на науката позната како космологија може да го објасни потеклото на универзумот. Сепак, Марсело Глејзер, кој е професор по астрономија на колеџот Дартмут и кој е агностик, вели: „Не сме ни блиску до одговорот на прашањето како настанал универзумот“.
Во врска со потеклото на животот, нешто слично пишуваше во една статија од списанието Science News: „Можеби е воопшто невозможно да се дознае како навистина започнал животот на Земјата. Повеќето геолошки записи за тоа што, всушност, се случило на самиот почеток од постоењето на планетата одамна исчезнале“. Овие изјави покажуваат дека науката сѐ уште нема одговор на прашањето: „Како настанале универзумот и животот?“
Но можеби се прашуваш: „Ако животот на Земјата бил осмислен, тогаш кој го осмислил?“ Можеби си ги поставуваш и следниве прашања: „Ако постои еден мудар и грижлив Творец, тогаш зошто би дозволил да страдаат луѓето кои тој ги создал? Зошто би дозволил да постојат толку многу различни религии? Зошто би им дозволил на оние кои тврдат дека веруваат во него да прават толку многу лоши работи?“
Науката не може да ни даде одговор на овие прашања. Но тоа не значи дека ти не можеш да најдеш логични одговори. Всушност, многумина нашле логични одговори во Библијата.
Ако сакаш да дознаеш зошто некои научници кои си одвојуваат време за да ја проучуваат Библијата велат дека веруваат во Творец, оди на jw.org и побарај ја серијата видеоклипови Потеклото на животот.