Чувај се од себичниот став на денешниот свет
ДАЛИ си забележал дека многу луѓе во светот сметаат дека другите треба да се однесуваат со нив на посебен начин или дека треба да добијат посебни привилегии и права? Без разлика колку многу добиваат, тие сметаат дека заслужуваат повеќе. Коренот на ваквото размислување лежи во себичниот и неблагодарен став кој е обележје на последните денови (2. Тим. 3:2).
Се разбира, себичноста не е ништо ново. На пример, Адам и Ева решиле самите да одлучуваат за себе што е добро, а што лошо, и тоа довело до катастрофални последици. Со векови подоцна, Озија, царот на Јуда, сметал дека има право да принесе темјан во храмот, но многу се излажал (2. Лет. 26:18, 19). Слично на тоа, фарисеите и садукеите мислеле дека заслужуваат Бог да постапува со нив на посебен начин само затоа што се потомци на Авраам (Мат. 3:9).
Живееме меѓу луѓе кои се себични, и нивниот став може да влијае врз нас (Гал. 5:26). Би можеле да почнеме да си мислиме дека заслужуваме да добиеме некоја привилегија или дека другите треба да постапуваат на посебен начин со нас. Што може да ни помогне да нѐ усвоиме таков начин на размислување? Најпрво треба да разбереме како гледа Јехова на оваа работа. Во тоа ќе ни помогнат две библиски начела.
Јехова е тој што одлучува што треба да добиеме. Да разгледаме неколку примери.
-
Во семејството, сопругот треба да чувствува дека е почитуван од неговата сопруга, а Еф. 5:33). Секој сопружник има право да очекува неговиот брачен другар да му покажува романтична љубов само нему (1. Кор. 7:3). Родителите со право очекуваат нивните деца да им бидат послушни, а децата имаат право да очекуваат нивните родители да се грижат за нив и да им покажуваат љубов (2. Кор. 12:14; Еф. 6:2).
сопругата треба да чувствува дека е сакана од нејзиниот сопруг ( -
Во собранието, трудољубивите старешини заслужуваат да ги почитуваме (1. Сол. 5:12). Но, тие немаат право да господарат над браќата и сестрите (1. Пет. 5:2, 3).
-
Бог им дал право на човечките власти да бараат даноци и да бидат почитувани од оние врз кои владеат (Рим. 13:1, 6, 7).
Јехова со љубов ни дава многу повеќе од она што го заслужуваме. Поради наследениот грев, ние заслужуваме само да умреме (Рим. 6:23). Сепак, Јехова ни дава многу благослови поради неговата верна љубов (Пс. 103:10, 11). Секој благослов што го добиваме од него е поради неговата незаслужена доброта (Рим. 12:6-8; Еф. 2:8).
ШТО МОЖЕ ДА НИ ПОМОГНЕ ДА НЕ СТАНЕМЕ СЕБИЧНИ
Внимавај да не почнеш да размислуваш како луѓето во светот. Без да сме свесни, би можеле да почнеме да мислиме дека заслужуваме повеќе од другите. Преку споредбата за работниците на кои им било платено по еден денариј, Исус покажал колку лесно може некој да почне така да размислува. Некои работници почнале да работат рано наутро и работеле цел ден на жешкото сонце, а други работеле само еден час. Работниците од првата група сметале дека треба да добијат поголема плата поради работата што ја завршиле (Мат. 20:1-16). Преку оваа споредба, Исус покажал дека неговите следбеници треба да бидат задоволни со она што Бог им го дава.
Биди благодарен и не очекувај да добиеш нешто од другите (1. Сол. 5:18). Следи го примерот на апостол Павле кој не барал од браќата во Коринт да го поддржуваат финансиски, иако имал право на тоа (1. Кор. 9:11-14). Треба да бидеме благодарни за сѐ што добиваме од другите, наместо да очекуваме нешто од нив.
Биди понизен. Кога некој има превисоко мислење за себеси, тој обично мисли дека треба да добие повеќе од она што го има. Понизноста е противотров за таквото штетно размислување.
Пророкот Даниел е добар пример за понизност. Тој потекнувал од угледно семејство, убаво изгледал, бил интелигентен и имал многу способности. Поради сето тоа, тој можел да си мисли дека ги заслужува привилегиите што ги добил (Дан. 1:3, 4, 19, 20). Но, Даниел останал понизен и поради тоа бил многу скапоцен за Јехова (Дан. 2:30; 10:11, 12).
Да бидеме решени да се спротивставиме на себичниот став кој денес преовладува во светот и да продолжиме да се радуваме на секој благослов што Јехова ни го дава поради неговата незаслужена доброта.