Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПРЕДЛОГ НА МЕСЕЦОТ

Најди духовни бисери што можеш да ги примениш

Најди духовни бисери што можеш да ги примениш

Додека ја читаме Библијата, можеме да бараме духовни бисери така што ќе истражуваме. Но, како можеме да извлечеме поголема корист од духовните бисери што ќе ги најдеме?

Обрни внимание на деталите од библиските извештаи. На пример, истражи кој го напишал тој дел од Библијата, кога бил напишан и за кого. Кои биле околностите, што се случило пред тоа и што се случило потоа?

Размисли кои поуки можеш да ги извлечеш така што ќе истражуваш за да го добиеш одговорот на прашања како што се следниве: „Како се чувствувале луѓето за кои читаш? Какви особини покажувале? Зошто треба и јас да покажувам такви особини, или пак зошто треба да внимавам да не развијам такви особини?“

Примени ги поуките што си ги научил, на пример во службата на проповедање или во односите со другите луѓе. На тој начин ќе покажеш дека си мудар токму како што пишува во Библијата: „Кој е мудар? Тој ќе размисли за сето ова“ (Пс. 107:43).

  • Предлог: Забележи како материјалот од состанокот Нашиот живот и служба, во делот Ризницата на Божјата Реч, ни помага да размислиме како можеме да го примениме она што го учиме. Во овој дел секогаш има прашања што можеме да си ги поставиме, мисли за кои можеме да размислуваме и слики што можеме да ги анализираме.