Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Секогаш мислев дека сум единствената“

„Секогаш мислев дека сум единствената“

„Секогаш мислев дека сум единствената“

ГОРНИОТ коментар го дала 13-годишната Улрике од Калифорнија (САД), во врска со она што го проучила од книгата Тајната на семејната среќа. Таа напишала:

„Навистина го ценам тоа што сте го внеле и поглавјето ‚Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!‘ Тоа ми помогна да бидам подобра и повеќе да ѝ помагам на мајка ми бидејќи таа е самохран родител. Исто така, ми помогна да имам поголемо разбирање за тоа како се чувствува таа. Секогаш мислев дека сум единствената што преживува емоционална болка“. Младата девојка заклучила: „Таа книга многу ми помогна!“

Оваа книга од 192 страници им помогнала на милиони луѓе низ светот. Тајната на семејната среќа може да им користи на сите членови во семејството — сопрузите, сопругите, родителите, децата, бабите и дедовците — да, на сите. Некои од нејзините поучни поглавја се: „Воспитувај го своето дете уште од најраното детство“, „Помогни му на твојот тинејџер да напредува“, „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“ и „Зачувај мир во своето домаќинство“.

За да добиете личен примерок, Ве молиме пополнете го и испратете го по пошта придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание. Ќе добиете конкретни предлози кои можат да Ви помогнат да ги решите проблемите и да го направите Вашиот семеен живот пријатен како што била намерата на Творецот.

□ Испратете ми примерок од книгата Тајната на семејната среќа.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.