На работ на истребувањето
На работ на истребувањето
СЕМ, тригодишниот горила на оваа фотографија, несомнено е тажен. Но, можеби ова не треба да нѐ изненади. Ловците ја убија мајка му и тој остана сираче без изгледи да се врати во дивината. За жал, само неколку месеци откако е направена оваа фотографија, Сем умре од болест на дишните органи. Но, тој не беше единствениот горила со мрачна иднина.
Немилосрдното уништување на нивното природно живеалиште ги стави ваквите суштества на списокот на загрозени видови. А бидејќи на некои места горилите се убивани за храна, и ловците опремени со современи пушки претставуваат закана за долгорочното преживување на овие животни. Иако иднината на горилите изгледа мрачна, иднината на многу други видови е уште помрачна.
Еден извештај што го подготви Меѓународното здружение за зачувување на природата и природните богатства (IUCN) дава мрачна слика за состојбата на голем дел од дивите животни во светот. Во текот на изминативе пет години беа загрозени уште повеќе видови, а темпото на опаѓање на нивниот број стана алармантно. IUCN, организација што ја контролира состојбата на илјадници животински видови, неодамна го објави својот „Црвен список“ со цел да се зголеми свесноста за неволјата на загрозените диви животни на оваа планета.
На речиси една четвртина од цицачите во светот и на околу една осмина од птиците сега им се заканува истребување. А ова се само животинските видови што се документирани. И понатаму не се знае каква е состојбата со заштитата на повеќето видови на нашава планета.
Псалм 50:10, Today’s English Version). Според тоа, тој сигурно е свесен за неодговорното уништување на неговото творештво. Во книгата Откровение, Бог нѐ уверува дека „ќе бидат уништени оние кои ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18).
Ако оваа трагична ситуација Ве ожалостува Вас, тогаш како ли се чувствува нашиот Творец? Во својата Реч, Библијата, тој наведува: „Сите животни во шумата се мои“ (Заштитата на дивите животни на планетава и нејзината осетлива животна средина, од која зависи секој од нас, се само две итни задачи за кои ќе се погрижи Божјето Царство кога ‚Бог ќе направи сѐ ново‘ (Откровение 21:5; Матеј 6:10).
[Рамка/слика на страници 18 и 19]
Тигар (Panthera tigris)
◼ Проценета популација во дивината: околу 5.000 до 7.500 (од околу 100.000 пред еден век)
◼ Главни опасности: ловење без дозвола, труење, губење на живеалиштето и изолација од популацијата тигри
[Рамка/слика на страница 19]
Голема панда (Ailuropoda melanoleuca)
◼ Проценета популација во дивината: 1.000 — еден од најретките цицачи на земјата
◼ Главни опасности: ниска стапка на размножување и уништување на планинските бамбусови шуми од кои зависи нејзината прехрана
[Извор на слика]
Фотографија: Zoo de la Casa de Campo, Madrid
[Рамка/слика на страница 19]
Орангутан (Pongo pygmaeus)
◼ Проценета популација во дивината: околу 20.000
◼ Главни опасности: шумски пожари, шумска сеча, ловење без дозвола и криумчарење заради трговија со домашни миленичиња
[Извор на слика]
Фотографија: Zoo, Santillana del Mar, Cantabria, España
[Рамка/слика на страница 20]
Мала (црвена) панда (Ailurus fulgens)
◼ Проценета популација во дивината: непозната, но изгледа дека опаѓа како резултат на тоа што човекот навлегува во нејзината територија и заради ниската стапка на размножување
◼ Главни опасности: ловење без дозвола, уништување на планинските бамбусови шуми и домашните животни што доаѓаат на нивните пасишта
[Извор на слика]
Фотографија: Zoo de la Casa de Campo, Madrid
[Рамка/слика на страница 20]
Гелдиев мармозет (Callimico goeldii)
◼ Проценета популација во дивината: непознато (овој примат е откриен дури во 1904)
◼ Главни опасности: уништување на амазонската дождовна шума и разретченост на популацијата, која лесно може да се изолира
[Извор на слика]
Фотографија: Zoo, Santillana del Mar, Cantabria, España
[Рамка/слика на страница 20]
Јапонски жерав (Grus japonensis)
◼ Проценета популација во дивината: околу 2.000
◼ Главни опасности: удирање во електрични кабли, уништување на средината во која се размножува и загадување
[Извор на слика]
© 1986 Steve Kaufman