Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Помош и заштита за младите

Помош и заштита за младите

Помош и заштита за младите

НАВИСТИНА е болно кога една млада девојка — која и самата е уште дете — ќе остане бремена, а не е мажена. Сепак, проблемот со бременоста кај тинејџерки е раширен, и на некој начин нѐ засега сите нас. Овој трагичен проблем е уште еден доказ за исправноста на Божјата заповед: „Бегајте од блуд“ (1. Коринќаните 6:18).

И покрај тоа, одвреме навреме се случува некоја млада девојка која била поучена за Божјите патишта да одлучи да го игнорира или да го отфрли она што го знае. Ќе направи сексуален неморал и ќе остане бремена. Како треба да реагираат вистинските христијани? Кога девојката што згрешила покажува дека се кае, нејзините родители, а и другите членови на христијанското собрание, треба со љубов да ѝ помогнат и да ја поддржат.

Да го земеме пак примерот на Никол. Нејзините родители се Јеховини сведоци и тие ја воспитувале во тој дух. Затоа, биле страшно потресени кога останала бремена. Сепак, Никол си спомнува: „Христијанските браќа и сестри доаѓаа дома и се трудеа да ме охрабрат да ја проучувам Библијата и да останам близу до Јехова“.

Не, Јеховините сведоци не го одобруваат сексуалниот неморал. Но, сфаќаат дека ако ги применуваат библиските начела, оние што грешат можат ‚да се преобразат‘ (Римјаните 12:2). Тие цврсто веруваат дека Бог им простува на престапниците што се каат (Ефешаните 1:7). Ним исто така им е јасно дека детето што било зачнато вонбрачно воопшто не е виновно. Затоа, наместо да го жигосаат, членовите на христијанското собрание му ја покажуваат истата нежна наклоност, сочувство и љубезност што би му ја покажале и на кое и да било друго дете во собранието (Колошаните 3:12).

Една самохрана мајка почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Таа веднаш ја прифатила библиската порака и направила големи промени во животот. Во врска со Сведоците, рекла: „Сите покажаа искрен интерес за мене и за моите деца. Ми даваа храна и облека кога имавме потреба, а ме потпомогнаа и финансиски. Кога ги исполнив условите за да одам во служба на проповедање, ми ги чуваа децата. Направија сѐ што можеа за да ми помогнат да го засакам Јехова“.

Заштита

Сепак, многу подобро е да им се помогне на младите воопшто да не западнат во вакви проблеми. Затоа Јеховините сведоци се трудат нивните деца да растат во топла семејна атмосфера полна со љубов. Наместо само да ги заплашуваат со СИДА или со тоа дека можат да останат бремени, Сведоците се трудат во своите деца да всадат вистинска љубов кон Јехова Бог и кон неговите закони (Псалм 119:97). Знаат дека на децата треба да им се дадат точни информации во врска со сексот. Но, што е уште поважно, уверени се дека треба уште од мали нозе да ги поучат за моралните начела што ги содржи Библијата (2. Тимотеј 3:15). Освен упатствата што се даваат во локалните Сали на Царството на Јеховините сведоци, родителите се охрабрени и лично да ја проучуваат Библијата со своите деца. За да им се помогне да им дадат морално водство, издадени се и публикации, како што е книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. a

Бидејќи неморалот е толку раширен во светот, да се живее во склад со библиските строги морални мерила е како да се плива против речните струи. Но, ако живеат според тие мерила, милиони млади девојки можат да ги избегнат трагичните последици од бременоста во тинејџерски години.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 12]

Вистинските христијани се однесуваат со љубезност и обѕир кон немажените мајки