Ќе одат милиони — ќе одиш ли и ти?
Ќе одат милиони — ќе одиш ли и ти?
◼ Каде да одиш? На Обласниот конгрес на Јеховините сведоци, „Избавувањето е многу близу!“ Стотици вакви тридневни конгреси, кои започнаа последниот викенд во мај во Соединетите Држави, ќе бидат одржани во следниве месеци во разни градови насекаде во светот. Во една од изминативе години, скоро 11 милиони луѓе присуствуваа на 2.981 вакви обласни конгреси!
На повеќето места, програмата ќе започне во 9.30 часот со музички дел. Во петок ќе бидат разгледани теми како „Обрни внимание на Јеховините ветувања за избавување“ и „Како Јехова го избавува ‚бедниот што воздивнува‘“. Претпладневната програма во петок ќе заврши со клучното предавање со наслов „Што направил Јехова за да бидеме ‚вечно избавени‘“.
Во попладневната програма во петок ќе се одржат говорите: „Јехова со љубов се грижи за постарите“, „Избавување од болните маки“ и „Улогата на ангелите во ‚јавната служба‘“. Четвороделниот циклус предавања со наслов „Јехова — ‚спасител‘“, следи веднаш пред последниот говор „Нема да успее ниедно оружје ни јазик“.
Во претпладневната програма во сабота ќе се одржи триделниот циклус предавања со наслов „Продолжи со службата ‚без престан‘“ како и говорите ‚Ослободени од примката на ловецот‘ и „Истражувај ги ‚длабоките работи Божји‘“. Претпладневната програма ќе заврши со говор по кој следи крштавање во вода на оние што ги исполнуваат условите.
Меѓу говорите во сабота попладне ќе бидат следниве: „Грижи се за своето здравје во согласност со библиските начела“, „Каков дух те води во животот?“, „Твојот брак нека биде како ‚троструко јаже‘“ и „Млади, ‚спомнувајте си за својот Создател‘“. Завршниот говор, „Дали мислиш на Јеховиниот ден?“ содржи практични совети за времето во кое живееме.
Во недела претпладне ќе се одржи циклусот предавања со наслов „Небесното царство е како...“ Во четирите говори од овој циклус накратко се разгледани некои од споредбите што ги дал Исус.
Претпладневната програма ќе продолжи со говор со кој ќе се најави еден од највпечатливите делови од конгресот — костимираната драма која се темели на 13. поглавје од библиската книга 1. Царевите. Во последниот дел од програмата во недела попладне ќе се одржи јавното предавање „Наскоро Божјето Царство ќе нѐ избави!“
Веќе уште сега можеш да планираш за да присуствуваш на овој конгрес. За да дознаеш која локација ти е најблиска, можеш да контактираш со Јеховините сведоци во твоето место или да пишеш до издавачите на ова списание. Во нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март 2006 година се наведени локациите на кои ќе се одржат конгресите во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.