Семеен квиз
Семеен квиз
Дали тоа било добра одлука?
Прочитај Марко 14:66-72, а потоа разгледај ја сликата и запиши ги одговорите на празните линии.
1. Каде се случил настанот на сликава?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Марко 14:53, 54.
․․․․․
2. Каква одлука донел Петар кога другите го препознале како следбеник на Исус?
․․․․․
3. Што се случило откако петелот запеал по вторпат?
․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Што мислиш, зошто Петар реагирал така? Што ќе ти помогне да не направиш слична грешка?
ШТО ЗНАЕШ ЗА ЦАР ЈОСАФАТ?
4. Како Јосафат го подобрил судскиот систем во Јуда?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Летописи 19:5-11.
․․․․․
5. Каква грешка направил Јосафат?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Летописи 18:1-3; 19:1-3.
․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Што можеш да научиш од Јосафат во врска со избирањето пријатели? МАЛА ПОМОШ: Прочитај 1. Коринќаните 15:33.
ДЕЦА, НАЈДЕТЕ ГИ СЛИКИТЕ!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
ОД ОВОЈ БРОЈ
Одговори на прашањата и дополни ги библиските стихови.
СТРАНИЦА 4 Од што треба да се исчистиме? (2. Коринќаните 7:․․․)
СТРАНИЦА 5 Во што можат да успеат двајца кога се заедно? (Проповедник 4:․․․)
СТРАНИЦА 19 На што не се потпира мудриот? (1. Тимотеј 6:․․․)
СТРАНИЦА 27 Што те прави посреќен? (Дела 20:․․․)
● Одговорите се на 24. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 31. СТРАНИЦА
1. Во дворот од куќата на првосвештеникот.
2. Петар решил да одрече дека го познава Исус.
3. Петар заплакал.
4. Јосафат поставил богобојазливи судии во градовите, како и Левити и свештеници во Ерусалим.
5. Склучил сојуз со злобниот цар Ахав.