Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Опашот на гуштерот агама

Опашот на гуштерот агама

ГУШТЕРОТ агама може многу лесно да скокне од хоризонтална површина на вертикален ѕид. Но, ако површината е лизгава, гуштерот не се одразува исправно, а сепак успева да стигне до ѕидот. Како? Тајната лежи во неговиот опаш.

Размисли: Кога овој гуштер треба да скокне од рапава површина — која е посигурна подлога — прво го доведува телото во стабилна положба и го држи опашот надолу. Тоа му помага да скокне под исправниот агол. Но, кога е на лизгава површина, често знае да се сопне и затоа отскокнува под лош агол. Меѓутоа, додека лета кон ѕидот, го коригира аголот на телото така што го свиткува опашот нагоре. Ова е доста сложен процес. „Гуштерот мора постојано да го подесува аголот на опашот за да остане во исправна положба“, велат од Калифорнискиот универзитет во Беркли. Колку полизгава е површината, толку повеќе гуштерот мора да го подигне опашот за да се дочека на нозе.

Опашот на гуштерот агама може да им помогне на инженерите да конструираат поподвижни роботски возила што би се користеле при потрага по преживеани во земјотрес или во друга катастрофа. „Во поглед на подвижноста, роботите не можат ни да се споредат со животните“, вели истражувачот Томас Либи. „Затоа, сѐ што може да му даде поголема стабилност на еден робот е големо подобрување.“

Што мислиш? Дали опашот на гуштерот агама настанал по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?