Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Свет

За да се искорени гладот, не е доволно само да се зголеми производството на храна. Се проценува дека моментално земјоделците произведуваат доволно храна за 12 милијарди луѓе, што е 5 милијарди повеќе од светското население. Главните причини за проблемот се лошото стопанисување, лошата распределба и непотребното расфрлање на храната.

Британија и САД

При една анкета во која беа вклучени вработени во финансискиот сектор, речиси четвртина (24 отсто) од испитаниците сметаат дека „за да бидат успешни, можеби ќе треба да постапат неетички или незаконски“. Шеснаесет отсто признаа дека би направиле незаконско дело „доколку можат да се извлечат без казна“.

Аргентина

Во Аргентина, 3 од 5 наставници бараат отсуство од работа поради стрес или насилство на работното место.

Јужна Кореја

Во многу блиска иднина, во Јужна Кореја ќе има повеќе луѓе што живеат сами отколку луѓе што живеат во заедница со друг.

Кина

Се проценува дека две третини од градовите во Кина нема да ги исполнат новите стандарди на Владата за квалитет на воздухот кои ќе стапат на сила во 2016 год. Освен тоа, беше утврдено дека квалитетот на водата од повеќето подземни извори е „лош или крајно лош“.