Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗЕМЈИ И НАРОДИ

Во посета на Панама

Во посета на Панама

ПАНАМА веројатно е најпозната по својот канал — пловен канал што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан. Но, со оглед на тоа што Панама ги спојува Северна и Јужна Америка, таа ги спојува и луѓето. Во Панама живеат луѓе од разни раси и култури. Голем процент од населението е мешавина од домородци и европски доселеници.

СИ ЗНАЕЛ ЛИ ДЕКА... Панамската златна жаба (Atelopus zeteki) „мавта“ со нозете за да привлече партнери и за да ги предупреди ривалите.

Во 1501 год., кога шпанските истражувачи пристигнале во Панама, наишле на голем број домородни заедници, а некои од нив постојат и ден-денес. Една таква заедница е народот Гуна (претходно познат како Куна). Голем број припадници на овој народ живеат во резерватот за домородци на архипелагот Сан Блас и долж брегот на Тихиот Океан во близина на границата меѓу Панама и Колумбија. Се занимаваат со лов, со земјоделие и одат на риболов со издлабени кануа.

Кај народот Гуна, кога еден маж ќе се ожени, оди да живее со членовите на поширокото семејство на жената и работи за нив. Ако со текот на времето жена му роди девојче, можат да се отселат и да си имаат свој дом.

Во Панама има околу 300 собранија на Јеховините сведоци. Освен на шпански, состаноците се одржуваат и на англиски, гуна, гуџарати, нгобере, панамски знаковен јазик и на хаитски креолски.