ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА
Вистината за Ноќта на вештерките
Дали и во твоето место се слави празникот Ноќ на вештерките? Овој празник е многу популарен во САД и во Канада и се слави секоја година на 31 октомври. Но, обичаите поврзани со него можат да се сретнат и во многу други делови од светот. Во некои места се слават празници кои, иако имаат различни имиња, вклучуваат одредени елементи кои потсетуваат на Ноќта на вештерките: контакт со духовниот свет, односно со духовите на мртвите, со самовили, со вештерки, па дури и со ѓаволи и демони. (Види ја рамката „Празници слични на Ноќта на вештерките“.)
МОЖЕБИ не веруваш дека постојат натприродни суштества. За тебе, славењето на Ноќта на вештерките или слични празници можеби е само прилика за забава и можност да ги поттикнеш твоите деца да ја развијат својата фантазија. Но, многумина сметаат дека ваквите празници не се безопасни, и тоа од следниве причини:
-
Според една енциклопедија (Encyclopedia of American Folklore), „главна карактеристика на празникот Ноќ на вештерките е контактирањето со натприродни сили, од кои повеќето ги плашат или им се „Ноќта на вештерките низ вековите“.) Слично на тоа, многу празници, како што е и Ноќта на вештерките, влечат корени од паганството и се длабоко поврзани со обожавање на предците. Дури и денес, на овие празници луѓето во целиот свет се обидуваат да воспостават контакт со, како што тие веруваат, духовите на мртвите.
закануваат на луѓето“. (Види ја рамката -
Иако Ноќта на вештерките главно се смета за американски празник, секоја година станува популарен во сѐ повеќе земји. Но, многумина од оние што почнуваат да го слават овој празник не се свесни дека неговите симболи, украси и обичаи имаат паганско потекло и дека повеќето се поврзани со натприродни суштества и окултизам. (Види ја рамката „Од каде влече корени?“)
-
Илјадници припадници на Виканската религија кои ги изведуваат древните келтски ритуали сѐ уште го користат древното име на овој празник, Сауин (Samhain), и таа вечер ја сметаат за најсвета вечер во годината. Во весникот USA Today стоеше следнава изјава од една жена која се изјаснува како вештерка: „Христијаните ‚без
да знаат го слават нашиот празник... Баш ни е мило‘“. -
Празниците како што е празникот Ноќ на вештерките не се во склад со библиските учења. Библијата го дава следново предупредување: „Кај тебе нека не се најде... некој што гата, ни некој што се занимава со магија, ни некој што пророкува според предзнаци, ни маѓепсник, ни некој што фрла уроци, ни некој што повикува духови... ни некој што ги прашува мртвите“ (5. Мојсеева 18:10, 11; види и 3. Мојсеева 19:31; Галатите 5:19-21).
Со оглед на ова, добро е да бидеш запознаен со потеклото на Ноќта на вештерките и на други слични празници. Со тоа што ќе ја дознаеш вистината за ваквите празници можеби и ти, како и многу други, ќе одлучиш да не ги славиш.
„Христијаните ‚без да знаат го слават нашиот празник... Баш ни е мило‘“ (Изјава во весникот USA Today од една жена која се изјаснува како вештерка)