Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ

Живот без стрес — не е само сон

Живот без стрес — не е само сон

Благодарение на мудроста од Библијата можеме да избегнеме голем дел од стресот. Се разбира, ние луѓето не можеме да ги отстраниме сите работи што ни предизвикуваат стрес. Но нашиот Творец може. Тој дури поставил некој што ќе ни помогне. Тоа е Исус Христос. Наскоро, Исус ќе направи многу поголеми чуда од оние што ги направил кога живеел како човек на Земјата. На пример:

ИСУС ЌЕ ГИ ИЗЛЕКУВА БОЛНИТЕ, КАКО ШТО ВЕЌЕ ГО СТОРИЛ ТОА ВО МИНАТОТО.

„Му ги доведоа сите што страдаа, болни од разни болести... и тој ги излекува“ (МАТЕЈ 4:24).

ИСУС ЌЕ ОБЕЗБЕДИ УДОБЕН ДОМ И ХРАНА ЗА СИТЕ.

„Тие [Христовите поданици] ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род“ (ИСАИЈА 65:21, 22).

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ИСУС ЌЕ ДОНЕСЕ МИР И СИГУРНОСТ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ.

„Во неговите дни ќе процвета праведникот и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината. Ќе има поданици од море до море и од Реката до краиштата на земјата... Неговите непријатели ќе ја лижат прашината“ (ПСАЛМ 72:7-9).

ИСУС ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ НЕПРАВДАТА.

„Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот и ќе ги спаси душите на сиромасите. Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа“ (ПСАЛМ 72:13, 14).

ИСУС ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ ДУРИ И СТРАДАЊАТА И СМРТТА.

„Смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:4).