Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зборовите кажани со почит се како малтер кој може да го држи цврст вашиот брак

ЗА БРАЧНИ ДВОЈКИ

3. Почит

3. Почит

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Брачните другари кои се почитуваат покажуваат обѕир еден кон друг дури и кога ќе се појават несогласувања. Во една книга во врска со бракот пишува: „Овие брачни другари не стојат цврсто на своите ставови по секоја цена. Наместо тоа, тие зборуваат еден со друг за проблемите. Со почит го слушаат другиот додека го изнесува своето гледиште и наоѓаат решенија кои се прифатливи за двете страни“ (Ten Lessons to Transform Your Marriage).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Љубовта не ја бара својата корист (1. Коринќаните 13:4, 5).

„Да ја почитувам мојата сопруга значи да ја ценам и да не правам ништо со кое би ѝ наштетил нејзе или, пак, на нашиот брак“ (Михеј).

ЗОШТО Е ВАЖНО

Ако сопружниците не се почитуваат, нивните разговори ќе бидат полни со критики, сарказам, па дури и презир — работи за кои истражувачите велат дека се рани показатели за развод.

„Ако кажуваш цинични забелешки или саркастични шеги за твојата сопруга, ќе му наштетиш на бракот. Таа ќе ја изгуби самопочитта, а и довербата во тебе“ (Брајан).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

ПРЕИСПИТАЈ СЕ

Обрни внимание на твоите разговори и постапки во текот на една седмица. Потоа прашај се:

  • Колку често го критикував мојот сопружник, а колку често го пофалував?

  • На кои конкретни начини покажав почит кон мојот сопружник?

РАЗГОВАРАЈ СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР

  • Кои зборови и постапки ќе ви помогнат и на двајцата да се чувствувате почитувани?

  • Кои зборови и постапки придонесуваат секој од вас да се чувствува непочитуван?

ПРЕДЛОЗИ

  • Напиши три начини на кои би сакал твојот сопружник да покажува почит кон тебе. Истото нека го направи и тој. Разменете си ги белешките и трудете се да покажувате почит на тие полиња.

  • Направи список со особини кои особено ти се допаѓаат кај твојот сопружник, а потоа кажи му колку многу ги цениш тие особини.

„Да го почитувам мојот сопруг значи со моите постапки да му покажам дека го ценам и дека сакам да биде среќен. Тоа не мора секогаш да бидат големи работи; честопати со некои мали работи што ги правам за него му покажувам дека навистина го почитувам“ (Меган).

На крајот на краиштата, не е важно што мислиш ти за тоа дали се однесуваш со почит кон твојот сопружник; важно е дали твојот сопружник се чувствува почитуван.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Облечете се во најдлабока сомилост, љубезност, понизност, благост и долготрпеливост (Колошаните 3:12).