Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Ако си изграден како личност, ќе останеш стабилен во време на силни бури

ЗА МЛАДИ

9. Работи на својата личност

9. Работи на својата личност

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Во тоа каква личност си е вклучено многу повеќе отколку твоето име и твојот изглед. Вклучени се твоите вредности, верувања и особини. Твојата личност е сето она што те прави да бидеш „ти“ — однадвор и однатре. Да бидеш изградена личност значи да се познаваш себеси и да се држиш за своите ставови.

ЗОШТО Е ВАЖНО

Кога си изграден како личност, цврсто се држиш за своите верувања и не дозволуваш твоите врсници да имаат контрола врз тебе.

„Многу луѓе се како куклите во излог — други им ја избираат облеката што ја носат“ (Адријан).

„Научив како цврсто да се држам за она што е исправно дури и кога не е лесно. Знам кои ми се вистински пријатели. Тоа се оние со кои се чувствувам пријатно затоа што ги почитуваат моите мерила“ (Кортни).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Не дозволувајте и понатаму да ве обликува овој свет, туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум (Римјаните 12:2).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Дознај каква личност си сега и каква личност сакаш да станеш така што ќе размислиш кои се твоите јаки страни, слаби страни и убедувања. Следниве прашања можат да ти помогнат во тоа.

Јаки страни: Какви таленти и вештини имам? Кои убави особини ги имам? (На пример: Дали сум точен? Дали имам самоконтрола? Дали сум трудољубив? Дали сум дарежлив?) Кои добри работи ги правам?

ПРЕДЛОГ: Дали ти е тешко да увидиш кои се твоите јаки страни? Прашај ги родителите или некој пријател во кој имаш доверба кои се твоите позитивни страни и на кои конкретни начини ги покажуваш.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Секој нека го испита своето дело, па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други (Галатите 6:4).

Слаби страни: На кои аспекти од мојата личност треба најмногу да работам? Кога најлесно можам да подлегнам на искушението да направам нешто погрешно? Во кои работи можам да покажувам поголема самоконтрола?

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Ако кажеме: „Немаме грев“, самите себе се залажуваме (1. Јованово 1:8).

Убедувања: Според кои морални мерила живеам, и зошто? Дали верувам во Бог? Кои докази ме уверуваат дека тој навистина постои? Кои работи ги сметам за неправда, и зошто? Како гледам на иднината?

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Способноста за расудување ќе внимава на тебе, проникливоста ќе те чува (Изреки 2:11).