Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Крзното на морската видра

Крзното на морската видра

МНОГУ морски цицачи што живеат во ладни води имаат дебело масно ткиво под кожата кое им помага да ја одржуваат телесната температура. Но, морската видра има еден друг вид заштита — густо крзно.

Размисли: Морската видра има најгусто крзно од сите цицачи, со околу 155.000 влакна на квадратен сантиметар. Додека видрата плива, меѓу влакната на нејзиното крзно се задржува воздух. Овој воздух ѝ служи како изолација, спречувајќи ладната вода да дојде во контакт со нејзината кожа и така да ѝ ја намали телесната температура.

Научниците сметаат дека може да се научи нешто од крзното на морската видра. Тие експериментирале со повеќе видови вештачко крзно, кои имале најразлична должина и густина на влакната. Нивниот заклучок бил дека „колку погусти и подолги се влакната толку посуво и поводоотпорно е крзното“. Слободно може да се каже дека морската видра има крзно со врвен квалитет.

Научниците се надеваат дека нивните истражувања ќе водат до производство на нов и подобар вид водоотпорен материјал. Затоа, некои се прашуваат дали можеби е подобро нуркачите во ладни води да носат крзнен костим сличен на крзното на морската видра.

Што мислиш? Дали водоотпорното крзно на морската видра настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?