Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Светот е полн со страдања, но дали Бог е тој што ги предизвикува?

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Дали Бог е виновен за страдањата?

Што мислиш ти?

  • Да

  • Не

  • Можеби

Што вели Библијата

„Не е можно вистинскиот Бог да прави зло, Семоќниот да постапува неправедно!“ (Јов 34:10). Бог никогаш не ги предизвикува злото и страдањата во светот.

Што друго учиме од Библијата?

  • Сатана Ѓаволот, „владетелот на светот“, е главната причина за страдањата (Јован 14:30).

  • Освен тоа, злото и страдањата честопати се предизвикани од лошите одлуки што ги донесуваат луѓето (Јаков 1:14, 15).

Ќе им дојде ли крај на страдањата?

Некои веруваат дека луѓето со здружени сили можат да им стават крај на страдањата, додека други не веруваат дека некогаш работите ќе се подобрат до тој степен. Што мислиш ти?

Што вели Библијата

Бог ќе им стави крај на страдањата. „Смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4).

Што друго учиме од Библијата?

  • Преку Исус, Бог ќе ја надомести сета штета нанесена од Сатана (1. Јованово 3:8).

  • Добрите луѓе засекогаш ќе живеат во мир на Земјата (Псалм 37:9-11, 29).