Твојата иднина
ЗАМИСЛИ дека доцна навечер одиш по неосветлена патека. Сонцето веќе одамна го нема, но не се плашиш дека ќе се изгубиш бидејќи во раката имаш батериска ламба. Кога ќе ја насочиш надолу, гледаш што има пред тебе. А кога ќе ја насочиш напред, силната светлина ја осветлува патеката и ти помага да видиш што има во далечината.
На некој начин, Библијата е како една батериска ламба. Како што видовме во претходните статии, таа може да ни помогне да се справиме со она што е пред нас — со секојдневните проблеми со кои се соочуваме сите ние во овој несигурен свет. Но, Библијата ни открива и што ни носи иднината. Таа ни помага да го пронајдеме патот што води до среќен и исполнет живот (Псалм 119:105). Како?
Да разгледаме два начина на кои Библијата ни дава светла надеж за иднината: 1. Ни помага да најдеме смисла во животот; 2. Нѐ учи како да изградиме трајно пријателство со нашиот Творец.
1. СМИСЛА ВО ЖИВОТОТ
Иако Библијата ни дава совети за да се справиме со проблемите, таа не е само обична книга за самопомош. Од неа учиме да не бидеме сконцентрирани само на себе и на своите грижи и потреби, туку да мислиме и на другите. Тогаш нашиот живот ќе има вистинска смисла.
На пример, еве едно библиско начело: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Дали некогаш финансиски си помогнал некому? Или можеби несебично си одвоил од своето време и внимателно си ислушал некој пријател кој си ги искажал чувствата. Зарем не сме среќни кога некому ќе му го разубавиме денот?
Најголема среќа чувствуваме кога правиме нешто за другите без да очекуваме да ни возвратат. Еден писател напишал: „Практично е невозможно да се даваш себеси за другите без да добиеш повеќе од она што си го дал — под услов да не Изреки 19:17). Тој многу цени сѐ што правиме за оние што се во тешка ситуација, и ветува дека ќе ни се оддолжи така што ќе ни даде прекрасна иднина — вечен живот во рај на Земјата (Псалм 37:29; Лука 14:12-14). *
очекуваш ништо за возврат “. Но, кога се даваме себеси, особено за оние кои не можат да ни се оддолжат, ние сепак добиваме нешто за возврат. Соработуваме со самиот Творец, кој смета дека со добрите дела му даваме заем нему лично (Пред сѐ, од Библијата учиме дека нашиот живот ќе има смисла ако му служиме на вистинскиот Бог, Јехова. Неговата Реч нѐ поттикнува да му бидеме послушни и да му оддаваме слава и чест бидејќи тој го заслужува тоа (Проповедник 12:13; Откровение 4:11). Така ќе го радуваме нашиот Творец. Можеби си мислиш дека тоа е невозможно. Но, Бог самиот нѐ поттикнува: „Биди мудар... и израдувај ми го срцето“ (Изреки 27:11). Замисли, кога носиме мудри одлуки на темел на библиските совети и начела, го радуваме нашиот драг небесен Татко! Тој се грижи за нас и сака да го следиме водството што ни го дава за наше добро (Исаија 48:17, 18). Навистина, што друго може да му даде поголема смисла на нашиот живот од тоа да го славиме Севишниот Владетел на вселената и да го радуваме со нашите постапки?
2. ПРИЈАТЕЛСТВО СО НАШИОТ ТВОРЕЦ
Од Библијата учиме и како да изградиме пријателство со нашиот Творец. Таа вели: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Можеби се прашуваш дали воопшто е можно да бидеш пријател со семоќниот Творец. Библијата нѐ уверува дека, ако го бараме Бог, ќе го најдеме, бидејќи тој „не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:27). Што може да значи за нас пријателството со Бог?
Размисли: Колку и да се трудиме, не можеме да ја победиме смртта, нашиот најголем непријател (1. Коринќаните 15:26). Но, Бог е вечен. Тој нема никогаш да умре, а сака и неговите пријатели да живеат вечно. Со едноставни зборови, Библијата кажува што им посакува Јехова на сите што го бараат: „Нека живеат засекогаш“ (Псалм 22:26).
Што ќе ти помогне да изградиш трајно пријателство со Бог? Продолжи да учиш за него од неговата Реч, Библијата (Јован 17:3; 2. Тимотеј 3:16). Барај помош од Бог за да го разбереш она што го читаш — Библијата нѐ уверува дека тој ќе ни даде мудрост ако ја бараме * (Јаков 1:5). Труди се да го применуваш она што го учиш. Така Божјата Реч ќе ти биде како „светилка на [твојата] нога и светлина за [твојата] патека“ — сега и во сета вечност (Псалм 119:105).
^ пас. 8 Нешто повеќе за Божјето ветување дека луѓето ќе живеат вечно во рај на Земјата можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци.
^ пас. 13 Јеховините сведоци нудат бесплатен библиски курс кој ќе ти помогне подобро да ја разбереш Библијата. Нешто повеќе за тој курс можеш да дознаеш од видеоклипот Како би можел да ја проучуваш Библијата? (На jw.org оди на ИЗДАНИЈА > ВИДЕОТЕКА.)
Бог е вечен и сака и неговите пријатели да живеат вечно