Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?
Во претходните статии дознавме некои работи кои ни помагаат да дојдеме до одговорот на прашањето: „Кој е Бог?“ Од Библијата видовме дека Божјето име е Јехова и дека негова најистакната особина е љубовта. Исто така, видовме што веќе направил и што ќе направи во иднина за луѓето. Но, тоа не е сѐ. Можеш уште многу да учиш за Бог. Сепак, можеби се прашуваш како ќе ти користи тоа што ќе дознаеш и други работи за него.
Јехова ветува дека, „ако го бараш, ќе ти дозволи да го најдеш“ (1. Летописи 28:9). Ако вложиш труд да го запознаеш Бог, ќе стекнеш нешто многу скапоцено — блиско пријателство со него! (Псалм 25:14). Што може да значи тоа пријателство за тебе?
Ќе бидеш вистински среќен. Јехова е опишан како „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11). Тоа што ќе станеш близок со него и ќе постапуваш како него ќе ти помогне да бидеш вистински среќен, а тоа може да ти користи во емоционален, психички и физички поглед (Псалм 33:12). Ќе можеш да имаш среќен живот бидејќи ќе се чуваш од штетни навики, ќе стекнеш здрави навики и ќе имаш добри односи со другите. И ти ќе се чувствуваш како псалмистот, кој рекол: „Мене ми е добро да бидам близу до Бог“ (Псалм 73:28).
Јехова ќе се грижи за тебе. Јехова му ветил на секој свој слуга: „Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8). Тоа значи дека Јехова се грижи за секој свој слуга поединечно и дека секому му го дава токму она што му е потребно (Псалм 139:1, 2). Кога ќе се зближиш со него, ќе сфатиш дека тој секогаш е тука за тебе.
Ќе имаш прекрасна иднина. Освен што може да ти помогне да водиш среќен и исполнет живот денес, Јехова Бог ти дава можност да имаш прекрасна иднина (Исаија 48:17, 18). Во Библијата пишува: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Во овие тешки времиња, надежта што ни ја дава Бог може да биде за нас како „сигурна и цврста котва“ (Евреите 6:19).
Постојат и многу други причини зошто е важно подобро да го запознаеш Бог и да стекнеш близок однос со него. За да дознаеш нешто повеќе, можеш да стапиш во контакт со некој од Јеховините сведоци или да одиш на www.dan124.com.