Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кој е Бог?

Кој е Бог?

Многумина тврдат дека веруваат во Бог. Но, ако ги прашаш кој е Бог, ќе добиеш различни одговори. Некои мислат дека тој е немилосрден судија кој само сака да ги казнува луѓето за нивните грешки. Други, пак, сметаат дека Бог е грижлив и дека ќе биде милостив кон нив без разлика што прават. А трети мислат дека е далеку од нас и дека воопшто не е заинтересиран за луѓето. Поради ваквите спротивни гледишта, многумина мислат дека е невозможно да знаеме кој навистина е Бог.

Дали е важно да знаеме кој е Бог? Да, важно е. Тоа што добро ќе го запознаеш Бог може да ти даде поголема смисла во животот (Дела 17:26-28). Колку поблизок ќе стануваш со него, толку повеќе ќе те сака и ќе ти помага (Јаков 4:8). Освен тоа, ако добро го запознаеш Бог, ќе имаш можност да живееш засекогаш (Јован 17:3).

Како можеш да го запознаеш Бог? Размисли за некој што добро го познаваш, на пример, за некој твој близок пријател. Како започнало вашето пријателство? Веројатно си дознал како се вика, каков карактер и особини има, што сака а што не сака, што направил, што планира да прави итн. Тоа што си ги дознал овие работи за него придонело да станете пријатели.

Слично на тоа, можеме да го запознаеме Бог така што ќе ги разгледаме следниве прашања:

Во ова списание ќе видиме каков одговор дава Библијата на овие прашања. Статиите во него ќе ти помогнат да дознаеш кој навистина е Бог и како ќе ти користи тоа што ќе имаш блиско пријателство со него.