Вистината за Божјето Царство
Исус ги поучил своите следбеници да се молат: „Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:9, 10). Што е Божјето Царство? Што прави тоа? И зошто треба да се молиме за него?
Исус е Царот на Божјето Царство.
Лука 1:31-33: „Дај му го името Исус. Тој ќе биде голем и ќе биде наречен Син на Севишниот. Јехова Бог ќе му го даде престолот на Давид, неговиот татко, и тој ќе царува во домот на Јаков засекогаш, и неговото царство ќе нема крај“.
Царството било главната тема за која проповедал Исус.
Матеј 9:35: „Исус почна да ги обиколува сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи“.
Исус им дал на своите ученици знак кој ќе им помогнел да сфатат дека Царството е на прагот.
Матеј 24:7: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство, и ќе има глад и земјотреси на разни места“.
Денес учениците на Исус проповедаат за Царството по целата Земја.
Матеј 24:14: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“.