Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што ќе постигне Божјето Царство?

Исус ги поучил своите ученици да се молат да дојде Божјето Царство. Тој знаел дека Бог не ги сака лошите работи што се случуваат на Земјата и дека Царството е единствената влада што може да ги реши проблемите во светот. Што ќе постигне Божјето Царство?

ШТО ВЕЌЕ НАПРАВИЛО БОЖЈЕТО ЦАРСТВО?

Во претходната статија го разгледавме знакот што Исус го дал. Тој знак е видлив доказ дека на небото било воспоставено Божјето Царство со Исус Христос како Цар.

Библијата ни открива дека, кога почнал да владее, Исус најпрвин ги исфрлил Сатана и демоните од небото. Нивното влијание сега е ограничено само на Земјата, и затоа од 1914 год. ситуацијата во светот сѐ повеќе се влошува (Откровение 12:7, 9).

И покрај тоа што условите во светот од ден во ден стануваат сѐ полоши, Исус, како Цар на Божјето Царство, направил некои работи за да им помогне на луѓето низ целиот свет. Благодарение на библиската образовна програма, која тој ја прорекол, многумина учат како да ги применуваат советите од Библијата во својот живот (Исаија 2:2-4). Милиони луѓе научиле како да имаат урамнотежен став кон работата, како да си ги зајакнат своите семејства и како да не им робуваат на материјалните работи. Овие лица не само што учат како уште денес да водат подобар начин на живот туку и се трудат да стекнуваат особини какви што сака Бог за да можат да бидат поданици на неговото Царство.

ШТО ЌЕ НАПРАВИ БОЖЈЕТО ЦАРСТВО НАСКОРО?

Иако Исус веќе владее на небото, на Земјата сѐ уште владеат човечки влади. Но Бог му рекол: „Оди меѓу своите непријатели и покори ги!“ (Псалм 110:2). Наскоро Исус ќе извојува потполна победа над сите свои непријатели и ќе им донесе вистинско олеснување на оние кои сакаат да му бидат послушни на Бог.

Божјето Царство ќе ги направи следниве работи:

  • Ќе ја уништи лажната религија. Религиите кои шират лаги за Бог и им го отежнуваат животот на луѓето повеќе нема да постојат. Библијата ја прикажува лажната религија како блудница. Нејзиното уништување ќе запрепасти многумина (Откровение 17:15, 16).

  • Ќе ги уништи човечките влади. Божјето Царство ќе стави крај на човечкото владеење (Откровение 19:15, 17, 18).

  • Ќе ги отстрани злобните луѓе. Што ќе се случи со оние кои решително прават зло и не сакаат да му бидат послушни на Бог? Библијата вели: „Злите ќе бидат истребени од земјата“ (Изреки 2:22).

  • Ќе ги уништи Сатана и демоните. Сатана и демоните повеќе нема да можат да ги заведуваат луѓето (Откровение 20:3, 10).

Што ќе значи сето ова за луѓето кои се на страната на Божјето Царство?

ШТО ЌЕ НАПРАВИ БОЖЈЕТО ЦАРСТВО ЗА ЛУЃЕТО?

Како Цар на Божјето Царство, Исус ќе направи многу повеќе за луѓето од кој и да е човечки владетел. Но, тој нема да владее сам туку заедно со 144.000 совладетели, за кои Библијата вели дека се „откупени од земјата“ (Откровение 5:9, 10; 14:1, 3). Исус ќе се погрижи Божјата волја да се врши овде на Земјата. Кои работи ќе ги направи Божјето Царство за луѓето?

  • Ќе ги отстрани болестите и смртта. „Никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘.“ Исто така „смрт нема да има веќе“ (Исаија 33:24; Откровение 21:4).

  • Ќе донесе вистински мир и сигурност. „Голем мир ќе имаат твоите синови“ и „секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Исаија 54:13; Михеј 4:4).

  • Ќе им обезбеди работа која исполнува. „Моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце. Нема да се трудат залудно“ (Исаија 65:22, 23).

  • Ќе ги реши еколошките проблеми. „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1).

  • Ќе ги поучува луѓето за Бог за да можат да добијат вечен живот. „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

Бог сака да ги добиеш овие благослови (Исаија 48:18). Во следната статија ќе биде објаснето што треба да направиш уште сега за да живееш во такви прекрасни услови.