Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Утеха за оние што тагуваат

Утеха за оние што тагуваат

„Бог знае што е најдобро, душо. Немој да плачеш...“

Овие зборови ѝ ги кажале на една жена по име Биби, за време на погребот на нејзиниот татко кој умрел во сообраќајна несреќа.

Биби била многу блиска со својот татко. Зборовите ѝ ги кажала една добронамерна семејна пријателка, но наместо да ја утешат, тие само ѝ ја зголемиле болката. „Како може смртта на тато да е најдоброто нешто?“, постојано се прашувала себеси. Со години подоцна, несреќата ја раскажала во својата книга. Било јасно дека сѐ уште тагува по својот татко.

Како што сфатила и Биби, потребно е време за да се надмине тагата, особено ако ужалениот и оној што починал биле многу блиски. Во Библијата, смртта со право е наречена „последен непријател“ (1. Коринќаните 15:26). Кога најмалку ја очекуваме, ќе затропа на нашата врата и без да нѐ праша ќе ни ги земе оние што ги сакаме. Никој не може да ѝ се спротивстави. Не е чудо што сме потполно збунети кога некој ќе ни умре и не знаеме што да правиме понатаму.

Можеби се прашуваш: „Ќе ја преболам ли некогаш загубата? Како да ја издржам болката? Како да ги утешам оние што се ужалени? Има ли надеж еден ден повторно да ги видиме оние што ни починале?“